Бебе

Какви се вашите шанси да добиете близнаци или тројка?

Неколку интересни факти за бременоста

Најверојатно на повеќето бремени жени им поминала една интересна мисла низ главата откако ги виделе двете цртки на тестот за бременост и почнале да се радуваат за бебето што доаѓа.

А, ако се близнаци?

Секако, имате поголеми шанси да добиете близнаци доколку веќе имате во семејството или доколку сте се лечеле од неплодност, но – секоја жена може да остане бремена со едно или повеќе бебиња. Можеби токму вие сте една од нив.

Какви се вашите шанси да добиете близнаци?

I. Генерално, околу 1 од 31 раѓања (над 3%) се близнаци. Но, вашите шанси да добиете близнаци се многу помали и изнесуваат 1 од 89, доколку сте забремениле по природен пат. Шансите за тројка или повеќе плодова бременост над тоа се околу 1 од 565. II. Идентичните близнаци настануваат кога оплодената јајце клетка ќе се подели на две и тоа најчесто сосема случајно. Изгледите да добиете еднојајчени, или идентични близнаци се околу 1 од 250. III. Постојат низа на фактори кои влијаат на можноста да добиете двојајчени близнаци или тројка и над тоа. Третманите за неплодност, односно вештачкото оплодување во голема мера ги зголемува изгледите за повеќеплодова бременост. Во просек 20-25% од жените кои се лекуваат од неплодност или поминуваат ин-витро оплодување или други техники на асистирана репродукција завршуваат како бремени со повеќе од едно бебе.

Премини на следната страна >>

1 2Next page
Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close