Бременост

Луна и Марко открија на кој датум ќе се роди бебето: “Тоа е голем ден за семејството Џогани”

Не го открија името...

Иако во јавноста на големо се шпекулираше дека Луна и Марко се разведуваат, сепак парот објави убави вести дека чекаат уште едно дете.

фото Инстаграм/ Марко Миљковиќ

Луна Џогани сега откри и како ѝ поминуваат трудничките денови, а потоа изјави дека природниот датум на нејзиното породување, според лекарите, ќе биде на ден кој е многу важен за семејството Џогани.

фото инстаграм/ Луна Џогани

Откако претходно имаше спонтан або.ртус Луна и Марко почекаа додека плодот порасне, па убавата вест Луна Џогани ја сподели со јавноста кога влезе во 14-тата недела од бременоста.

фото инстаграм/ Луна Џогани

Луна откри и дека таа и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ чекаат уште едно девојче.

фото инстаграм/Луна Џогани

Парот веќе ја има ќерката Миа, а како што тврди Џогани оваа бременост е сосема поинаква од првата.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Во 14-та недела сум. Чекавме да помине тој ризичен период поради ситуацијата што беше претходно. Денеска направив преглед и се е во ред со бебето. Првите три месеци ми поминаа лесно. Со Миа имав многу мачнини, до сега во оваа бременост немав гадење. Се чувствувам малку лошо неколку дена. Не се гледа, но имам два херпеси околу усните, бледа сум и уморна, како наеднаш да ми падна имунитетот, па се ме мачи. Морам да пијам витамини – рекла Луна, а потоа продолжила.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Различно е. Патував, спиев и се одморав со Миа, сега имам дете кое повторно бара внимание. Бебето веќе порасна. Може да се види, тоа е мало. Сè уште не знаеме на кого личи, но за неколку недели ќе биде – истакна таа.

фото инстаграм/Луна Џогани

-Терминот на породување на Луна е 7-10 дена по мојот роденден. Во секој случај, бебето најверојатно ќе биде истиот хороскопски знак како мене, Вага. Веќе неколку месеци знаеме како ќе се вика нашето девојче, но се уште не сакаме да го откриеме името– рекол Марко, на што Луна продолжила:

фото инстаграм/Луна Џогани

– Датумот за породување е 12 октомври, кога е роден татко ми. Тато беше толку среќен.

Луна пред фановите откри и како сфатила дека повторно е бремена.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Плачев, ме болеше стомак, јадев повеќе, ми излегоа мозолчиња. Дојдов еден ден, почнав да плачам, Марко ме праша зошто си таква. Ми вели да не си бремена. Мислев дека нема шанси. Ме убедуваше да купам тест, бидејќи тврдеше дека не сум при себе,  – изјавила Луна на каналот на Јутјуб.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close