Бебе

Се породи пред два месеци а сега изненади со оваа изјава: Сораја го откри името на второто бебе и ги израдува фановите

Сораја призна дека сака повторно да стане мајка...

Пред помалку од два месеци најпознатата старлета на Балканот, Сораја Вучелиќ се оствари во улога на мајка, а сега за прв пат јавно проговори за новата улога и истакна дека веќе планира второ дете.

фото принтскрин

Иако многумина мислат дека Сораја има голема помош од дадилки и речиси ништо не прави сама, сепак таа откри дека таа  се буди навечер и е целосно посветена на бебето:

фото принтскрин инстаграм

– Сега сум комплетна. Ја надополнив мојата среќа. Не можам да кажам на кого личи Кан. Можеби веќе на пат е уште едно. Добро криев дека сум бремена. Станувам на два часа, насочена сум на бебето, обично одам да спијам во 10 кога и тој. Се будам да го нахранам. Тоа е слатка болка. Кан е прекрасно дете, ниту плаче, ниту бара – започна Сораја која ги изненади сите со тоа што објави дека веќе планира второ, па дури и трето дете:

фото принтскрин Пинк

– Не го планирав ниту ова. Во основа ги сакам децата. Нема ништо поубаво од бебе. Би сакала Кан да има брат, мислам дека повеќе сум за машки деца. Најмалку уште две, а може и три. Тоа е моја желба. Да знаев дека бременоста е толку убава, немаше да чекам толку долго. Ќе направам се за моето дете, се ќе му олеснам. Пред се сакам да му подарам љубов, но ќе се потрудам ништо да не му фали. Секогаш велев дека нема да бидам строг родител, но веќе сум љубоморна кога некој го држи или храни. Веќе имам име и за братот на Кан. Имам и женско име во план ако е девојче – изјави таа во емисијата „Премиер викенд специјал“.

фото инстаграм/ Сораја Вучелиќ

Сораја призна дека нејзиниот партнер не сака да се појавува во медиумите, но посочи и дека му пречи и нејзиното појавување па размислува да ги затвори социјалните мрежи.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Го исклучив Инстаграм профилот затоа што сакав да уживам во бременоста и да се посветам само на неа. Би сакала засекогаш да ги исклучам тие мрежи, за да не се експонирам. И навистина уживав. Не ми се допаѓа кога читам за себе. Едвај чекам да порасне бебето за да уживам со него и да одам секаде. На мојот партнер му пречи моето медиумско појавување, истакна Сораја.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close