Бебе

Познатата манекенка Викторија Јаначковиќ стана мајка: Реши сама да ја одгледува ќерката, прозборе за таткото на детето- “Среќна сум што не е од тука”

Ужива во мајчинството...

Викторија Јаначковиќ на македонската јавност и е позната како една од најубавите манекенки на овие простори.

фото Фејсбук/Викторија Јаначковиќ

Имено таа се посвети на својата професија, и може да се каже дека е многу успешна во својата работа. Викторија е стоматолог и одамна не се занимава со мода.

фото Фејсбук/Викторија Јаначковиќ

Она што сега ја изненади јавноста е тоа дека таа се оствари во улога на мајка. Викторија ја роди својата прва ќерка Никита на 26 јануари а во интервју за Слободен печат откри дека само најблиските знаеле дека е бремена.

фото Фејсбук/Викторија Јаначковиќ

Како што изјави за споменатиот медиум Јаначковиќ одлучила самата да се грижи за ќерката.

– Многу луѓе ме прашаа „а кога се омажи по вторпат“. Мене ми е тоа смешно, затоа што хартија од тој вид не ми е доказ дека некој би бил одличен татко. Знам многу примери каде што таткото е на хартија и, за жал, само на хартија. Не се омажив, и не планирам и тој вид на припаѓање ми е надминат. Таткото на Никита, за среќа, не е од овие простори и среќна сум поради тоа, рече Викторија за Слободен печат.

фото Фејсбук/Викторија Јаначковиќ

Викторија зад себе има еден брак во времето кога живееше во Англија, а за таткото на Никита вели дека не е од овие простори.

фото Слободен печат

– Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени. Прескокнав дегутантен дел со гол стомак и сликање на истиот. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува. На 26.01.2023 се роди Никита, девојче, рече Јаначковиќ за Слободен печат.

фото принтскрин/Убавина и Здравје

– Од кога се случи Никита, многу пати за овој краток период кажав, „тууу како не станав пет пати мајка од 25 години па до сега“. За жал, ќе бидам искрена, имав патолошки страв од самото породување,„се простував од него“ што е необјасниво, бидејќи како за мене така и за сите жени, но не можев никако да се справам со стравот. Деветте месеци ги поминав во движење и работа, и не придавав многу значение на тој процес и правев сѐ контра од она што докторите ми го кажуваа. За среќа, тоа немаше никакви реперкусии врз Никита. Жива, здрава и права се роди. Топло препорачувам на сите идни мајки, секако доколку немаат прблематична бременост, да не се лигават и да си го слушаат своето тело што им кажува. Што се однесува до самите години и мајчинство, во истите не гледам никаков проблем, дури и мислам дека имам повеќе трпение и мудрост за сето она што доаѓа, од порано. И така се чувствувам физички и психички како 25-годишна, така што ништо не ми е проблем.

фото принтскрин/Убавина и Здравје

– Неверојатно е чуството да си мајка. Не би имала вистински збор како да опишам. Тоа е една посебна љубов неспоредлива со која било друга. Не верував кога ми кажуваа, и најчесто превртував очи кога ќе слушав. Имајќи предвид дека сум „тазе“ мајка, ништо не ми е тешко, освен што ми треба едно 2773738 сати сон. Таа е многу златно бебе, и се буди само кога е гладна или треба да се пресоблече. Имам повеќе енергија од кога било, и ништо не ми е тешко. Апсолутно сѐ правам самата. Ми помага мајка ми, но не сакам никому да давам обврски. Никој не е должен. Чекам да излеземе со Никита по одреден период, и да дише некој убав воздух. Да, ветувам нема да се прибереме дома.

фото принтскрин/Убавина и Здравје

Извор Слободен печат

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close