Брак

Реченици кои НЕ смеете да му ги кажете на вашиот партнер пред детето

Децата гледаат и слушаат многу повеќе отколку што мислите.

Децата честопати може да почувствуваат напнатост и лутина, дури и ако родителите се обидуваат да го сокријат тоа. Влијанието на родителите остава трајни последици на децата и затоа потребно е родителите да создадат опкружување во кое ќе израснат едни стабилни личности.

Некои родители несвесно еден на друг во лутина си кажуваат некои реченици, и тоа пред детето, а токму тие може негативно да влијаат на менталното здравје на малите.

Ти си лош родител

Исто така лоша е и реченицата „Тој/таа е подобар родител од тебе“. Доколку малите слушнат ваква реченица, тогаш тие застануваат на страната на едниот родител, давајќи му поддршка, додека за другиот мислат лошо.

Тоа нема да ти се допадне

Детето кое ќе го слушне ова може да мисли дека едниот родител може да чита мисли, а другиот не знае што сака. Поради тоа може да почне да се сомнева и во своите одлуки, па постојано да прашува за дозвола.

Ужасно изгледаш во ова

Детето во оваа реченица може да слушне само омраза, а би можел да почувствува и дека едниот родител го понижува другиот. Тогаш може да почне да зазема страна и да си зема за право да ги критикува другите.

Тоа е твоја вина

Децата мора да ги гледаат родителите како тим кој знаедно ги одгледува. Ако не е така, децата ќе почнат да ги искорисутваат. Ако почнете да обвинувате, ќе патите вие, но и децата. Не префрлувајте вина, туку учете ги децата дека заедно треба да работите на проблемите.

Тоа нема да ти успее никогаш

Ако слушнат ваква реченица, децата може да почнат да ги намалуваат своите очекувања и да престанат да се трудат. Исто така би можеле да помислат дека родителот кој го изговорил тоа се обидува да го контролира другиот, што доведува до заземање страна кон едниот родител.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close