Градинка

Едноставен трик за смирување на детето, кое делува речиси секогаш

Сетете се на ова следниот пат кога ќе не можете да го смирите вашето дете.

Родителите на мали деца обично се преплавени со совети – и тоа многу од нив се непосакувани. Но, едноставниот трик на една мајка стана вирален поради својата практичност и мудрост. Затоа, следниот пат кога ќе почнете да го смирувате и тешите вашето дете, пробајте го овој совет!

Џенифер својата приказна ја сподели на Инстаграм: „Ставете го во вода вашето дете или извадете го надвор“, го започнува таа својот текст и продолжува пишувајќи дека тоа бил првиот корисен родителски совет кој го добила било кога.

„Не се сеќавам колкав беше мојот син кога со солзи во очите ѝ се јавив на мајка ми и ѝ реков: Ништо не успева, не знам што да се обидам повеќе! Не е гладен, ниту мокар, ниту му се спие“.

Нејзиниот совет бил и останал едноставен, но делотворен. Иако не е решение за секој проблем со кој се соочуваат родителите, овој совет прави чуда за нејзиното семејство.

„Не можам на другите да им дадам совет за распоред на спиење или хранење, ниту за играчките. Не знам што ќе правиме со Тик ток за неколку години. Но, кога моето дете ќе почне да плаче и не можам да го утешам, овој совет дефинитивно е најдобар“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close