Доаѓањето на свет на бебето обично претставува прекрасно време за поврзување кај повеќето парови. Но, животот со новороденчето исто така може да биде многу стресен и да носи многу нови обврски и предизвици. Неколку брачни советници споделуваат најчести проблеми и грижи со кои се соочуваат новите родители по доаѓањето на бебето.
„Мојот партнер не е тука за мене на начинот на кој ми е потребен“
Новите родители се носат со многу предизвици: недостаток на сон, распореди на хранење, лекарски прегледи, извршување обврските со мало бебе. Ова е исцрпувачки и може да биде многу фрустрирачки ако чувствувате дека не ви помага доволно вашиот партнер.
„Исцрпена сум. Зошто единствено јас менувам пелени во текот на ноќта?“
Квалитетниот сон е минато кога имате новороденче. Кога вашето бебе уште е многу мало, среќа е ако успеете да преспиете повеќе од три часа во текот на ноќта. Најдобро е да разговарате со партнерот и ако тој оди на работа, би можеле да се договорите дел од обврските да ги презема викендот.
„Не се согласуваме со гостите во куќата“
Гостите може да бидат голема тема на разговор кај новите родители, посебно во текот на зимските месеци, кога се присутни настинки и вирози. За да избегнете стресни расправи околу таквите посети, договорете се за некои правила кои ќе важат за сите. Што треба да направат гостите кога ќе додјат кај вас? Што е забрането? Колку долго смеат да останат?
„Готово. Веќе никогаш нема да имаме односи“
Без сомнеж, сексот е поинаков по раѓањето на бебето. Умор, стрес, недостаток на време, навики на спиење на бебето, физички проблеми како вагинално крварење или болки при доењето, па и психички проблеми – сето тоа може да влијат на сексуалниот живот.