Бебе
“МАМО ДЕНЕС ТИ МИ ТРЕБАШ НАЈМНОГУ”- писмо во кое ќе се пронајдат сите мајки!
Мајката е најдобар пријател на детето!
Драга мамо!
Ти благодарам многу што ме доиш. Веројатно веќе знаеш колку е најдобро твоето млеко за мене.
Уморна си и малку лута затоа што грижата за мене изгледа прилично тешко. Пред да се откажеш, ќе се обидам да ти го објаснам моето однесување. Можеби тогаш ќе се чувствуваш подобро.
Ако по раѓањето бев одделена од тебе, ми треба повеќе време да си ги вратам инстинктите и да започнам да цицам како што треба. Можеби ослабев додека бевме во болница. Знаеш, мамо, ќе ти кажам кога ќе бидам гладно да добијам што повеќе од твоето млеко. Дури и ако поминале само 5 минути од последниот пат! Можеби баба ми ќе ти каже: „Само што јадеше, но сигурно е повторно гладно“. Но, мамо, јас сум многу мало и не умеам побрзо! Сега ми требаат 20 минути да добијам само 5 ml од твоето млеко што многу ми значи!
Но, мамо, сè е во ред! Нема место каде повеќе би сакал да бидам отколку во твоите прегратки, да го слушам твојот глас и да те мирисам, дури и ако не си се избањала на раат од кога сум родено јас. За мене, ти си најубавото суштество. Нема многу начини на кои можам да ти кажам што сакам. Јас можам да плачам и можам да цицам. Не можам да видам многу, но можам да чувствувам многу. Чувствувам како ме ставаш на градите мајко, а тогаш сум најсреќна.
Можеби те збунува тоа што сакам да цицам цел ден и ноќ. Но, мамо, јас не пијам цело време. Вежбам да станам посилен и истовремено ја проулувам твојата „фабрика за млеко“ која ми има подобар вкус од сладоледот!
Ако ми понудите шише, ќе цицам и од него бидејќи не знам поинаку. Стомакот ми е мал и можам да стојам на твоите гради кога сакам.
Мамо, кога цицам, ги зајакнувам и двата основни хормони, пролактин и окситоцин. Овој другиот е одговорен за твоето безрезервно заљубување во мене! Постојат само три настани во твојот живот кога се лачи овој хормон со чудно име – за време на моето раѓање, за време на моето создавање и кога доиш! Можеби ви звучи чудно што како бебе го знам сето ова. Но, мамо, важно ми е да си среќна и затоа сакам да направам се што можам за да ти дадам што е можно повеќе од овој прекрасен хормон.
Мамо, знам дека го сакаш само најдоброто за мене и понекогаш се грижиш дали имаш доволно млеко за мене. Можеби почнуваш да се сомневаш во твоето тело. Но, знам дека можеш да го направиш тоа. Дозволи д абидеме заедно цел ден и ноќ и јас ќе го направам целото млеко што ми треба. Ги сакам и бабата и тато и сите други кои доаѓаат да ме видат, но јас сум најсреќно кога сум со тебе! Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, ти си толку топла и мека и мирисаш најубаво на светот.
Местото помеѓу твоите гради е местото каде што можам да ја спуштам главата и да го почувствувам допирот на вашата кожа.
Сакам и кога ме доиш лежејќи покрај мене. Чувствувам колку си опуштена, млекото тече толку лесно и знам дека тогаш не брзаш да ме надоиш брзо и да ме оставиш.
Мамо, знам дека си многу активна пред да се родам. Одевте во кино, во ресторан, одевте кај пријатели. Знам дека сега ти се чини дека нема да го правиш сето тоа наскоро. Можеби нашиот стан е хаос, можеби садовите не се миени со денови…
Но, мамо, би сакал да ти ветам нешто. Не можам и не знам кога ќе се случи, но ќе дојде ден кога ќе ми требаш многу помалку.
Моето цицање ќе стане побрзо, исто така ќе започнам да спијам сам во кревет. Ќе уживам и ќе сакам дури и кога некој друг ме држи.
Исто така, ќе научам да заспивам само, ќе научам и помалку да зависам од тебе.
Но, денес, мамо, ми требаш најмногу.
Се надевам дека мојата љубов кон тебе, која сè уште не можам да ја покажам, ќе биде доволна за да ги издржиш овие тешки први денови!
Твоето бебе!
Извор: moja-beba.org