Бременост

Не можев да дишам, но морав да се пораѓам со маска- Трауматично искуство за жените кои се породиле во време на пандемија!

Мајките споделуваат непријатни искуства за породувањето во време на пандемија

Пандемијата со коронавирус, донесе нови навики во целиот свет меѓу кои е и носењето заштитна маска.

Дури и за време на породувањето, мајките треба да носат заштитна маска, а ова наиде на многу негативни критики.

Имено мајките во француските болници мораат да носат маски за време на породувањето што е една од мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Жените кои се породиле на овој начин тврдат дека тоа било трауматско искуство за нив.

Како што пренесува Дејли Мејл, 30 годишната Мауд која се породила во болница во предградие на Париз кон крајот на април се пожалила дека породувањето со маска било комплицирано за неа.

“Само што стиснав за прв пат, сфатив дека ќе биде комплицирано и инстинктивно ја симнав маската за да можам да дишам. Веднаш ме предупредија дека морам да ја носам затоа што протоколот го налагаше тоа”, се сеќава Мауд.

Оваа мајка вели дека ова искуство ќе го памети, поради тоа што било едно од најлошите искуства. Мауд вели дека имала чувство дека ќе се задуши во секој момент додека се породувала, и дека поради маската премногу се потела.

“Лекарот на крајот мораше да земе ножици, а мојот син беше роден со амнионска течност во белите дробови и испакнатина на главата од форцепсот и заврши на интензивна неонатална нега во друга болница, бидејќи оваа не ја даваше таа опција. Сè беше трауматично за мене. Тие инсистираа да научам да дишам, а потоа не ми дозволија“, рече таа.

Фани Рагот (25) се породи на 8 април во приватна клиника во Версај. Таа помина пет дена во болница и цело време ја носеше истата маска.

“Беше ужасно тешко дишев. Повратив неколку пати. Не можев да дишам со маска на лицето, па завршив на итен царски рез. Имаше 37 степени во собата и кога и да се обидам да ја извадам маската ме предупредуваа да ја вратам на лицето “, вели оваа мајка.

Каролин се породи на 9 август, кога емпературите беа екстремно високи. Таа носеше маска на 40 степени.

“Болката беше неподнослива, се гушев. После 30 минути ја искинав маската. Таа беше натопена со пот и морав двапати да ја менувам. Кога се породив, не можев да го бакнам бебето поради маската и не ми дозволија да ја тргнам”.

Иако во болниците не е задолжително носење маски како претпазливост за да се ограничи ширењето на ковид-19. Сепак, Националниот колеџ за француски гинеколози и акушери вели дека носењето маски за време на породувањето е пожелно, но не е морално.

Истражувањето покажа дека 75 проценти од жените кои родиле за време на пандемијата покажале знаци на постпартална депресија.

Иако повеќето одбиваат сепак носење заштитна маска штити од коронавирусот

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Според последните истражувања, заштитните маски се поефикасни за спречување на коронавирусот, отколку пластичните визири. Епидемиолозите велат визирите треба да се носат во комбинација со заштитна маска, доколку сакате поголема заштита.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close