Бебе

Мајка чиј син помина половина од својот живот во карантин: Никогаш не играл со други деца

„Моето бебе има една година, a половина  oд живот го помина во карантин“

Мишел Дага реши да зборува за РЕАЛНОСТА за време на пандемијата со ковид-19.

Таа е мајка на едногодишно момче Џелеја, кого го доби со нејзиниот партнер Џамал. Ова тричлено семејство живее во куќа со градина во Мелбурн, а поради коронавирусот, тие, како и многу други семејства, пропуштија многу.

„Моето бебе има една година, a половина  oд живот го помина во карантин“, напиша таа во отвореното писмо пренесено од „Дејли меил“.

“Тој е изолиран дома со неговата мајка и тато шест месеци. Тој никогаш не играл со други деца, не галел куче или имал можност да се извалка во природата. Сè уште нема сретнато голем дел од семејството, не посетил трговски центар или поминал еден ден на игралиште”, додаде Мишел.

Во Австралија, крајно строгите мерки стапија на сила од 2-ри август и нема да бидат релаксирани барем до 13-ти септември. Во овој период, жителите на таа земја можат да патуваат само пет километри од својот дом, полицискиот час е во сила од 20 часот до 5 часот наутро, а луѓето можат да го напуштат домот најмногу еден час на ден.

Додека Мишел е јасна дека нејзината ситуација не е единствена, таа истакнува дека тоа не значи дека не е тешка. ”Единствените лица што Џелеја ги гледа се кријат со маски. Тој нема идеја каква храната расте на дрвјата, знае само дека доаѓа во кутии и вреќи и дека човекот за испорака ги остава на тремот “, објасни таа. Нејзиниот син го прослави својот прв роденден во друштво на мама и тато, а околу 20 членови на семејството се придружија на прославата преку Зум.

“Кога започна карантинот, тој беше бебе, не знаеше како да ползи. Сега оди, разговара, има личност и се смее. Иако е среќен, здрав  имам чувство дека бара нешто повеќе и разбира дека нешто не е како што треба. една недела се упати кон прозорецот и почна да покажува со прстот кон нешто. Видов два гулаби и сфатив дека првпат гледа птици “, пишува оваа мајка.

“Ништо не е нормално ако поминете половина живот во карантин. Ништо не е нормално во родителството за време на пандемијата. Иако знам дека може да биде полошо, ова е далеку од едноставно. Милиони други споделуваат ваков вид на секојдневие со нас. Вие не сте сами. Се надевам дека ќе можеме наскоро да ги раширите крилјата и да ги научите децата да летаат “, заклучила Мишел.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close