Бебе

Неколку минути пред да се породи направи склекови и сквоти, многумина ја критикуваа, но таа реши да си тера по свое

Фитнес инструкторката не престана да вежба за време на бременоста и тоа го стори дури и за време на породувањето.

Јања Милутиновиќ, фитнес инфлуенсерската со српско потекло која живее во Њујорк, направи склекови и сквоти неколку минути пред да се породи.

Иако е беше во 41 недела, нејзината вежба се чинеше како шега. Сепак, таа откри на Инстаграм дека самото породување е предизвик.

„Нема вежба толку тешка како породувањето“, напиша таа.

Некои коментираа дека таа може да биде пример за сите жени, но имаше повеќе кои ја критикуваа  и беа шокирани дека тренира пред породувањето.

„Жените се поддржувачки, а претежно мажите тролаат. Кој го познава моето тело подобро од мене? Тие ме критикуваа и сакаа да ме засрамат, но немаат право да го сторат тоа “, изјави Милутиновиќ за Фабулен, откривајќи дека не ја допреле критиките.

Таа, исто така, ја игнорираше препораката на лекарот да почека шест недели пред да се врати во салата. Таа го направи ова две и пол недели по раѓањето, а за само неколку месеци имаше извајано тело.

Жени, помолете се со оваа молитва за да имате лесен и добар пораѓај.

О, Преславна Мајко Божја, помилуј ме мене, Твојата слугинка, и дојди ми на помош за време на моите болести и опасности, со кои раѓаат деца сите кутри ќерќи на Ева. Спомни си, Благословена меѓу жените, со каква радост и љубов.

Ти иташе да ја посетиш својата роднина Елисавета за време на нејзината бременост и какво чудно дејство се случи од Твојата благодатна посета и кај мајката и кај бебето во утробата. И по Твоето неисцрпно милосрдие дај ми и мене, на Твојата смирена слугинка, да имам лесен и добар пораѓај; дај ми ја оваа благодат, та детето што сега лежи под моето срце, кога ќе ја почувствува, со радосно играње, слично на светото бебе Јован, да Му се поклони на Божествениот Господ Спасител, Кој од љубов кон нас грешните, не се згнасил да стане и Самиот Бебе.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close