Бебе
Цеце од Телма го доеше бебето во кафуле – предизвика бура од реакции со фотографиите
Големо БРАВО за оваа храбра мама!
„Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“
Нашата позната водителка Цеце Трајковска Тодосовска која неодамна доби дете со својот сопруг Стојанче, ужива во мајчинството, а со една фотографија што ја објави на Инстаграм покажа колку е значајно доењето и дека на ниту една жена не треба да и биде непријатно да го прави тоа во јавноста.
Цеце која сите ја знаеме од телевизија Телма се породи пред два месеци кога на овој свет го донесе синот Боден.
Таа сега со една фотографија што ја објави на социјалните мрежи покажа колку е значајно да се дои бебето, и дека ниту една жена не треба да се чувствува непријатно доколку го прави тоа во јавноста.
Инаку што се однесува до ситуацијата во Македонија, поразително е што многумина ги осудуваат жените што го прават тоа во јавноста. Од тие причини многу мајки не се осмелуваат да го направат тоа и повеќето од нив се срамат, а познатата водителка со своите прекрасни фотографии покажа дека нема ништо лошо во тоа да се биде мајка која се грижи за своето чедо.
Таа доби поддршка од многумина, а меѓу нив од нејзината колешка Александра Илиевска која исто така неодамна се породи.
„Најубавото чувство, Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“ напиша Цеце.
„Следно заедно. Прекрасни мама и син“ и порача Александра, а Цеце и одговори: “Обавезно, нашите ритуали продолжуваат“.
Инаку, доењето е наједноставниот, најздравиот и најекономичниот начин да се нахрани новороденчето. Од друга страна за време на доењето се создава и посебна емотивна врска помеѓу мајката и бебето. Но за жал, и покрај сите овие придобивки, многу мајки по третиот месец се откажуваат, а меѓу останатото и затоа што нивното опкружување нема разбирање за тоа.
Па, нека бидат овие преубави фотографии од нашата позната мама мал апел до сите да се знае колку е важно доењето.