Бебе

Убави вести – една од нашите најпознати водителки откри дека очекува бебе

Водителката пријатно ги изненади сите

Водителката на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, откри дека е во блажена состојба.

Харизматичната Александра заради своите обврски ги откажа популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ во кое е речиси од самиот почеток.

Водителката на една од најгледаните емисии во Македонија, во интервју за порталот „Вистина“ откри дека е бремена.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Таа споделувајќи ја оваа вест ги израдува своите пријатели и фанови на најубав можен начин. Илиевска изјави дека оваа сезона нема да биде дел од тимот со шефовите Марк и Никола затоа што е на пат најубавото нешто што го посакува с својот сопруг – принова во семејството.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Таа и нејзиниот избраник Александар се заедно веќе 16 години и како што самата вели уживаат во љубовта. Нејзиниот партнер со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен е нејзина најголема поддршка во животот, и како што самата вели, тој е реалист, а јас сонувачот.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Инаку, од Александра во една пригода побаравме да ни ја открие тајната како го негува лицето и како ја одржува линијата, на што таа ни одговори дека за неа нема убавина без пиење вода и дека претпочитува природни препарати.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Сè повеќе се препорачуваат природни препарати за нега на кожата. Исто така, постојано се зборува за здравите навики, како и здравата нега“.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Постојат голем број на рецепти од природни состојки, кои се одлични за кожата поради тоа што не содржат парабени и други штетни материи. Јас правам комбинација и се трудам се почесто да применувам препарати кои не содржат парабен, а се добри за мојата кожа“ ни изјави тогаш водителката.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно. Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице“ изјави таа за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close