Бебе

Тежеше само 420 грама, се роди 132 дена пред терминот- ја доби најголемата битка и влезе во Гинис!

Кертис имал брат близнак, но тој не успеал да преживее...

Oва момче од Алабама е вистински мал борец. Малиот Кертис Минс роден е на 10 ноември а тежел само 420 грама кога неговата мајка се породила по само 21 недела, пренесува „NBC News“.

Michelle Butler

Воедно Кертис беше запишан во Гинисовата книга на рекорди и стана најраното дете родено во светот кое преживеало.

Момчето е родено 132 дена пред терминот за породување.

Фото Профимедиа

Кертис имал брат близнак, но тој не успеал да преживее.

Доктор Брајан Симс од болницата во која е родено момчето вели дека статистиката не дава буквално никакви шанси за преживување на децата родени толку рано, но Кертис ги демантираше сите статистички веројатности.

Фото Профимедиа

„Вообичаено во такви ситуации децата им ги даваме на родителите да ги држат и да уживаат во она малку време што го имаат со нив“, вели Симс.

Кертис ги изненади сите, а секој ден се повеќе напредуваше. По 275 дена бил пуштен од болница. Сепак, при хранењето сè уште му е потребна помош од експерти.

Фото Профимедиа

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога го однесовме Кертис дома за да го запознаат постарите браќа“, рекла мајката Мишел Батлер.

фото Профимедиа

„Не знаеме што ќе се случи со Кертис во иднина, бидејќи тој е различен од првиот ден и нема никој како него. Тој ја пишува својата приказна од првиот ден, која многумина ќе ја следат и која се надеваме дека ќе помогне да се подобри здравствената заштита за недоносени деца“, рекла мајката.

Фото Профимедиа

За само еден ден Кертис го поништи претходниот Гинисов рекорд кој еден месец го држеше Ричард Хачинсон од Висконсин.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close