Бебе

Таа е мајка борец: Девојката со крилја повторно ги разнежни сите- нејзиниот хендикеп не е пречка за да биде совршена мајка

Таа е пресреќна...

27- годишната Дејана Бачко завршила уметничка академија – цртање и сликање. Таа е актуелна светска шампионка во теквондо, се занимава со стрелаштво и иако одамна со спортските успеси покажа дека за неа пречките се само предизвици, таа отиде чекор понатаму па се реализираше во улога на мајка и покажа како една жена е подготвена на се за своето дете.

фото инстаграм/Дејана Бачко

Позната е по прекарот „Девојка со крилја“. Неодамна се породи, а со своите следбеници на социјалните мрежи со задоволство и често ја споделува својата среќа и времето што го поминува со ќерката Лара.

фото инстаграм/Дејана Бачко

Таа пред два месеци објави видео на кое го храни своето бебе и сите беа преплавени со убави емоции.

Тоа го покажуваат речиси 20.000 лајкови и многубројните коментари во кои следбениците и изразуваат поддршка.

фото инстаграм/Дејана Бачко

„Хероина“, „Мало пиленце. Браво мамо, чудо што може оваа жена!“, „Најдобрата мама! Ме расплака“, „Браво жена на кралицата“, се само дел од коментарите на видео кое има над 80 илјади лајкови.

фото инстаграм/Дејана Бачко

Дека таа ужива во улога на мајка покажуваат секојдневните фотографии. Дејана често споделува како сама го подготвува своето дете за прошетка, сама го храни, менува пелени, што значи за неа тоа што нема раце не е пречка да даде се од себе за своето чедо.

фото инстаграм/Дејана Бачко

Девојката со крилја како што самата се нарекува не ја симнува насмевката од лицето откако се оствари во најубавата улога во животот.

фото инстаграм/Дејана Бачко

– Јас сум одлично. Тоа е неописливо чувство, навистина, многу ми е мило што станав мајка. Нова улога, голем предизвик. Јас сум многу среќна. Секако, тука е и поддршката од мојот сопруг, а тука ќе биде неговото и моето семејство – изјави храбрата Дејана по породувањето.

фото инстаграм/Дејана Бачко

– Боже, ти благодарам за овој подарок – напиша таа во објавата, по што доби многу позитивни коментари.

„Сега си мајка со крилја, бебето е преубаво“, „Браво, жива и здрава Лара“, „Честитки“, беа само некои од нив.

фото инстаграм/Дејана Бачко

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close