Бебе
Сораја потроши 650 евра за оваа облека на синот: Нема да верувате каков бренд носи наследникот на најпознатата старлета
Таа ужива во улога на мајка...
Старлетата Сораја Вучелиќ важи за една од оние дами кои јавно истакнува колку луксузно живее, а за време на бременоста таа не се појавуваше во јавноста, но по раѓањето на синот Кан, често можеме да видиме како ужива во негово друштво.
Имено, Сораја не штеди пари ниту за облека која малечкиот Кан многу брзо ќе ја надрасне, со оглед на тоа што е познато дека бебињата на таа возраст многу кратко носат една големина, па така гордата мама го облече малиот Кан од глава до пети во марка „Фенди“.
Вучелиќ одлучи да го облече наследникот во комбинезон вреден вртоглави 650 евра или околу 76.000 динари и јакна за која треба да потрошите 385 фунти или поточно 52.000 динари.
– Мојата љубов е подготвена. Те сакам – напишала старлетата во описот на фотографијата.
Сораја предизвика низа коментари и со фотографијата на која може да се види дека потрошила дури 10.000 евра за брендирана количка.
Имено неодамна извор близок до Сораја за српски Информер откри дека наводно таа родила дете од оженет бизнисмен од Русија!
-Сораја и нејзиното момче решија да се породи во Цирих за нивното дете да има швајцарско државјанство, но нема долго да останат таму. Наскоро се селат во Москва, каде што живее нејзиниот избраник – ја започна неодамна приказната извор близок на Вучелиќ и открива зошто не сака да зборува за мажот со кој добила дете:
Сораја и нејзиниот партнер имале катастрофални односи се додека тој не ја убедил дека не ја сака сопругата, туку неа.
-Без разлика што партнерот на Сораја е во брак, тие двајца се во долга врска. 40-годишниот бизнисмен веќе некое време е во лош брак, не ја сака сопругата, но се уште не се развел. Отпрвин и пречеше на Сораја, па се степаа, раскинаа, се помирија и слично. Нивната врска била катастрофална се додека не сфатила дека Русинот навистина ја сака и дека нема ништо со сопругата, освен дека се заедно на хартија. Тој е луд по неа.
Дека навистина е така говори и фактот што нивниот син Кан не се случил случајно, туку дека планирале да имаат заедничко дете.