Бременост
Сите го коментираат стајлингот на бремената Богдана Ражнатовиќ: Снаата на Цеца блеска, ги доби сите комплименти за ова нејзино издание
За три месеци ќе го роди второто дете...
Во семејството Родиќ оваа година ќе има многу убави моменти. Имено сестрите Родиќ и станаа познати на јавноста откако Богдана стана снаа на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ а Бојана се омажи за синот на фолкерката Гоца Божиновска.
Минатата недела Бојана Родиќ- Шијан го роди своето второ дете синот Вукан а за неколку месеци по втор пат во улога на мајка ќе се оствари и нејзината сестра Богдана.
Имено Богдана и Вељко Ражнатовиќ се горди родители на синот Жељко, а на пат е уште едно бебе.
Младиот пар за неколку месеци ќе добие уште едно момче на кое ќе му го дадат името Крстан, а идната мајка, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, ужива во бременоста.
Стајлингот на Богдана Ражнатовиќ привлекува внимание каде и да се појави, а тоа е особено случај сега, кога остануваат само уште три месеци до породувањето и кога нејзиниот труднички стомак е многу забележлив.
Дали и колку се менува фигурата на сопругата на Вељко во последните месеци е тема која постојано се коментира, а со оглед на тоа што немаме многу можности да ја видиме во јавност, секоја нејзина фотографија што се појавува на „Инстаграм“ предизвикува бура од реакции.
Дека црномурестата убавица блеска, а блажената состојба одлично и прилега, се само дел од коментарите на последната фотографија што ја сподели, а имаше само пофални зборови и комплименти за нејзиниот стил во бременоста.
Имено, како снежната кралица од најубавите бајки, снаата на Цеца позираше со својот сакан на снегот и откри како изгледа во шестиот месец од бременоста, а нејзиниот моден избор одлично се совпадна со планинската идила.
Во потполно бела комбинација, тесни панталони, скапа бунда и брендирани, исто така бели снежни чизми, ги остави сите без здив, сепак, најзабележителна беше нејзината блескава насмевка која на сите им стави до знаење колку е среќна и исполнета жена.