Бебе

Се породи една од нашите најубави водителки – еве како ќе се вика бебето!

Голема радост во семејството на Анастасија и Богдан

Голема радост во семејството на Анастасија и Богдан

Нашата позната водителката Анастасија Деа и Богдан Илиевски (Бетмен Велит) се остварија во улога на родители.

„Станав татко, а Анастасија мајка на најпрекрасното девојче на светов и веков. Двете се во одлична состојба. Јас во неопислива. Фала ви за добрата мисла и енергија!“ – сподели на фејсбук новопечениот татко.

Ќеркичката го доби името Дениција, па тој среќната вест ја обелодени споделувајќи ја токму песната „Дениција“ од Петре М. Андреевски.

Со порака се огласи и мама. Еве што напиша таа:

„Од срце фала ви за убавите зборови и желби! Дениција ве поздравува откако убаво се најаде и наспа. Бескрајно сме и’ благодарни што мене и Богдан не’ направи родители“ пишува Анастасија на социјалните мрежи.

Таа се огласи на Инстаграм, а на оваа социјална мрежа покажа и како изгледа само неколку дена пред да се породи.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска

„Токму така и се чувствувам“, напиша водителката под фотографијата.

Еве и една порака што ја напиша деновиве на Инстаграм:

„Она што го научив до сега: Твоето тело е создадено за животот кој го носиш во себе. Никој подобро од тебе не може да ја носи твојата бременост. Затоа: Не се споредувај со другите . Не го споредувај обликот на твојот стомак, неговата големина, ниту пак килограмите кои ги “качуваш”. Секој има посебно и уникатно патешествие. Апликациите кои те водат низ бременоста се супер водич и помагало за генерални насоки. Но не мора да значи дека ако пишува дека бебето треба да тежи 1.800 г. во ХХ недела, мора да тежи толку и дека нешто не е во ред.“

Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска

„Секој има посебно и уникатно патешествие. Исто и твоето бебе. Ќе бараш и ќе доаѓаат добронамерни совети од сите страни. Заблагодари се, затоа што навистина се добронамерни. Сепак, само ти го знаеш најдобро твоето тело и бебето кое расте во тебе. Но секогаш, секогаш, советувај се со доктор. Со двајца доктори, па и со тројца ако треба. Гугл не е доктор. Уживај.“ напиша оваа мама пред само неколку дена.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска
Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска
Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска
Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска
Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богданоска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close