Бременост
САКАВМЕ УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ НО БЕВМЕ БЛАГОСЛОВЕНИ СО ПЕТ ДЕВОЈЧИЊА: Сега сме вистинско семејство!
Овој пар доби пет ќерки...
Хедер Ленгли (39) и нејзината партнерка, Присила Родригез (35), се дефинитивно благословени родители.
Имено тие се заедно девет години, а пред три години ја добија ќерката Соер.
Откако таа наполни 2 години тие започнале да размислуваат за проширување на семејството, и посакале барем уште едно дете.
Гордите родители, двете од Тексас, САД, ги дочекаа своите пет ќерки во август минатата година по итен Царски рез кога Хедер беше во 28 недела од бременоста.
Раѓањето на Хедли, Реган, Зараја, Зилах и Јоселин беше толку ретко што тие се вториот пар кои има пет девојчиња во САД.
Тие одлучија дека сакаат да добијат уште едно бебе, сепак, завршија со уште пет.
Хедер вели дека била само шест недела бремена кога откриле дека ќе имаат петорка.
Таа додаде: „Првично лекарите видоа само четири гестациски вреќи, но потоа ја најдоа и петтата.
„Веднаш почувствував страв кога дознав дека ќе имаме пет бебиња, бидејќи се плашев дека мојата бременост ќе биде загрижувачка и комплицирана.
„Исто така бев во паника за тоа како ќе се грижиме за пет бебиња и како ќе одбереме иќе се договориме за пет имиња, кога неможеме ниту за едно.
„Како и да е, откако првичниот шок помина, сфатив колку ќе бидат посебни и уникатни нашите бебиња. Се чувствував како да сме добиле на лотарија. Отсекогаш сакав деца и не бев сигурна дали некогаш ќе се случи тоа за мене. Првично, Присила навистина не сакаше деца, но откако ја добивме нашата прва ќерка, знаевме дека сакаме да добиеме уште едно.
„Повторно го искористивме методот IUI, истиот третман на плодност што го имавме со Соер, иако не бевме во можност да го користиме истиот донатор на сперма бидејќи не беше достапен.
“Не бевме сигурни дали тоа ќе успее. Но, ова беше нашиот прв обид и успеа. Бевме толку среќни, едвај чекавме да бидеме родители повторно”
Мајката од шест деца изјави: „Датумот на породување им беше на 2-ри ноември, но бидејќи се родија предвреме, тие мораа да ги поминат првите три месеци од животот во болница.