Брак

Разведена жена и мајка е борец, бидејќи тоа мора да биде!

Мора да биде силна, дури и кога го лекува ранетото срце

„Да бидеш разведен и да бидеш разведена, тоа никако и никогаш не е исто …“

Разведена жена и мајка е борец, бидејќи мора да биде тоа.

Нема кој да се бори наместо неа. Мора да биде силна, дури и кога го лекува ранетото срце и својата гордост. Таа ќе го гушне своето дете, но неа нема кој да ја прегрне.

Разводот стана толку честа појава што се чудиме ако некој е долго време во брак, и не планира да се разведува. Зошто е тоа така? Поради прагот на толеранција што падна многу ниско, или поради достапноста на сè, и површноста која е „убиец“ на сите прекрасни емоции. Кога пред олтарот ќе си ветиме:

„И во добро и во зло, додека не нé раздели смртта” – секако дека тука треба да се нагласи дека ова ја вклучува и „смртта” на љубовта. Дали прелесно и сфаќаме емоциите, или тие се исто така потрошен материјал?

Факт е дека браковите ни траат сé помалку, секоја чест на исклучоците, и дека краевите стануваат се посурови и НЕ се избираат средства кога сакате да му наштетиме на оној (онаа) на кого што му ветивме љубов до гроб.

Секој крај е тежок и тажен, а разводот сигурно спаѓа во еден од најлошите и најтешките. Сè во нашите животи се менува, буквално сè. Никој повеќе не гледа во осудата од околината, или околината едноставно престана да суди. Веројатно ни тие немаат толку време, ниту пак можат да ги следат сите разводи што се во тек.

Сепак, постои голема разлика помеѓу разведениот маж и жена. И оној кој вели дека тоа НЕ е вистина, лаже.

Во случај на развод, во повеќето случаи децата припаѓаат на мајката. Тоа воопшто не е мала обврска. Сите оние што се развеле, и се борат со тоа, знаат за што зборувам, бидејќи јас самата го поминав тоа. Жената мора да биде сè, таа мора да биде на сто места во исто време. Таа постојано е преоптоварена со нејзините обврски, и е во вечната борба со времето. Ако е доволно среќна да и помогне нејзиното семејство, таа е една од ретките среќнички.

Разведената жена е таа што станува пред зори, и си легнува долго по полноќ. Ако е среќна децата да не ја будат, ќе отспие неколку часа. Разведен жена и мајка е борец, бидејќи тоа мора да биде. Нема кој да се бори за неа. Мора да биде силна, дури и кога го лекува своето рането срце и гордоста. Таа ќе го прегрне своето дете, но неа нема кој.

Таа е проклета сама, но не им дава на таквите мисли да ја опседнат, бидејќи нема време за нив, но нема ни за себе.

Плаче во самотија, скршена од животот и обврските. Но, таа мора сама понатаму… Бидејќи ако најде некој што може да го излекува нејзиното рането срце и да и ја поврати довербата во љубовта, осудата од околината ќе биде ужасна. Сета вина за развод ќе биде врз неа, без разлика колку време поминало од него. Таа е таа која треба да го задржи семејството во целина по секоја цена, а не да го уништи. Кој мисли за неа? Никој? Со сета таа борба со секојдневниот живот, постои и бонус, борбата со поранешниот. Тој не заборава, во повеќето случаи, не заборава дека треба повторно да ја понижи.

Но, затоа тој заборава да ја плати алиментацијата и онака е минимална, а тој се однесува како нејзе да и дава цело богатство, а не на своите деца. Често заборава, или нема време да ги земе децата кога треба.

Тој е слободен човек, поштеден од сите обврски, освен што повремено ги гледа децата и треба да плаќа алиментација. Околината е секогаш на негова страна. Ако најде нова љубов, се разбира, тој го заслужува тоа по „онаа” што му го загорчи животот.

Тој може да живее со полни ради во новостекнатата слобода, ја има целата слобода на овој свет, само што ретко ја користи таа слобода да помине повеќе време со своите деца.

Одмаздата на поранешната или поранешниот би требало да биде споредна. Како родители, би требало да размислувате за децата и секоја чест за паровите кои се издигаат над ниските страсти и функционираат како вистински родители. Фактот што тие не можат заедно го решиле со развод. Сè друго, тие треба да прават со разум, а не со емоции. И двајцата треба да имаат само една цел, а тоа е како правилно да ги одгледуваат децата.

Ако имале доволно љубов за создавање деца, треба да имаат и за нивното воспитување.

Знам дека тоа не е лесно и за двете страни, но за жал тоа секогаш е потешко за едната страна.

Јас отсекогаш сум за тоа старателството да се дели, бидејќи ми се чини дека тоа е единствената вистинска работа. Да се биде разделен, или разведена, е товар, но да се биде родител е одговорност што треба да ја преземе секој. Затоа, драги мои, биди пример на оние на кои сте им дале живот, затоа што децата ги имитираат своите родителите.

Имајте го ова на ум. Сè што учат за животот, тие учат од вас.

Сигурна сум дека им и посакате само најдоброто, бидејќи тие и го заслужуваат најдоброто.

 

 

 

Ката Мијиќ

Препораки

Close
Close