Бебе
Празничната магија започна – погледнете како нашите познати мајки ги украсија своите домови
Празници се ближат!
Пристигна омилениот период од годината кога улиците се преплавени со големи елки и светкави украси, а домовите кај сите мнооогу посветли и потопли заради бајковитиот новогодишен амбиент.
Па така обичајот на Американците своите куќи и домови да почнат да ги украсуваат при крај на ноември и почетокот на декември, полека но сигурно пристигнува и кај нас. Тоа впрочем можеме да го видиме и по тоа што многу познати мајки како од светот, така и во нашиот регион, на социјалните мрежи споделуваат фотографии од кои можеме да видиме како ги накитиле своите домови – со преубави елки и многу лампиони во сите бои. Некои од нив погледнете во продолжение…
Татјана Лазаревска
Погледнете го празничното расположение во домот на Татјана Лазаревска. Таа со својот сопруг и двајцата синови живее во Мелбурн.
Сара Мејс
Новогодишен амбиент и елката до плафонот во домот на Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски.
Анастасија Деа Богдановска
Една од нашите познати мами во оваа галерија е и македонската водителка Анастасија Деа Богдановска, која на Инстаграм ја покажа празничната атмосфера во својот дом. Од фотографиите можеме да видиме дека водителката се погрижила за сите детали во својот дом, но ни покажа и како сами да направиме украсни подароци кои можат убаво да го пополнат празниот простор под елката.
Па наместо да тонеме во неспокој заради лудилово што се случува околу нас заради епидемијата и вирусот кopoна, земете ножици и лепило, неколку стари кутивчиња и искористете ја идејава на оваа шармантна мама.
Сузана Гавазова
И познатата фолк пејачка Сузана Гавазова се пофали како изгледа нејзиниот дом, но и кој најмногу се радува на гоооолемата елка.
Тамара Тодевска
А еве ја и празничната магија во домот на Тамара Тодевска…
Па, која од овие елки ви е најубава?