Бременост
ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ЗА БЕБЕТО: Шишенца, цртежи на ѕид, фиокари- Маја Шупут го покажа малото царство за нејзиниот син!
Пејачката со нетрпение чека да стане мајка...
Познатата пејачка Маја Шупут со нетрпение го очекува своето прво бебе.
Таа е во поодмината бременост и затоа реши да започне со подготовките за доаѓањето на синчето.. Пејачката ги украси sидовите со прекрасни детски цртежи, а сега пристигна и дел од мебелот. Таа ја покажа масата за менување на пелени а сподели со фановите и дека купила и шишиња, пелени, цуцли и држачи за цуцла.
Пејачката Маја Шупут Татаринов (41) е во 33-та недела од бременоста. Како што рече претходно, нивниот син треба да се роди во март, а Маја ги прави последните подготовки за неговото доаѓање.
Таа е исклучително среќна што се подготвува за скоро пристигнување на нејзиното прво дете, а нејзиниот сопруг Ненад Татаринов (37) со нетрпение го очекува неговиот син. Неодамна, пејачката изјави дека просторијата за нејзиниот син е скоро завршена.
„Не знам колку ќе митреба, и секако кога не знаеш, го купуваш“, рече Маја.
Маја ја сними и фиоката во која ќе ги чува потребните работи за бебето.
– Леле, луѓе, само што го средив ова. Заборавив дека имам цела колекција шишиња од порано. Тоа е кога купуваш со месеци по малку, се собира – рече Маја. Во фиоката има и кадифени играчки.
Инаку Маја неодамна беше мета на критики поради тоа што истакна дека на бебето ќе му даде странско име.
– Странско име. Не е ни тајна. Едноставно не ме интересираат домашните. Ништо не оди со Шупут, но сè оди со Татаринов, така што ќе дадеме некое моќно име со ова презиме. А не кога ќе отидеме некаде и мојот сопруг ќе каже дека се вика „Ненад“. Прашуваат па зошто? Толку убав човек со такво име.
Мислам дека со името го обележуваш детето, и затоа мора да се внимава, кога си тинејџер на училиште децата може да те малтретираат, и сега не е како порано. Сега децата се поинакви, тие се борат. Замислете да му дадете име на детето кое ќе го доведе во неволја, така што целиот живот ќе ми вели: „Дали мораше?“ – објаснува Маја.
Таа откри дека била убедена дека ќе ја добие својата „мини-верзија“ и дека се изненадила кога дознала дека носи момче.
– Ми требаа три дена да сфатам во главата дека ќе морам да купувам багери, пиштоли, камиони затоа што толку многу луѓе околу мене ме уверуваа дека тоа ќе биде мини Маја – вели таа и додава дека и нејзиниот сопруг се надевал на ќерка.