Бебе
ПОРОДУВАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО НА БРЗА ПОМОШ: Гордата мајка доби здраво синче!
Медицинскиот персонал успешно го изведе породувањето
Невообичаено породување, стана вистински хит на социјалните мрежи а новопечената мајка и бебето се вистински херои.
Околу три часoт по полноќ, на 26 ноември 2020 година, тимот на Итната медицинска помош на Кантонот Сараево, на местото на општина Ново Сараево успешно беше извршено породување.
Невообичаено за ова породување е тоа што се случи во возилото на Итна Помош, но без разлика, убавата вест во овие тешки денови развесели многумина.
Имено мајката повикала брза помош без да знае како ќе се роди нејзиното бебе и дека тоа ќе се случи токму во нивното возило додека возат накај болницата.
Двете фотографии кои беа објавени на социјалните мрежи од вработени во Брза помош со новороденче во рацете предизвикаа позитивни реакции кај многумина.
– Континуираното образование на медицинскиот персонал и соодветната опрема на возилата, нè прави подготвени за ваков вид на итна медицинска помош. Околу три часот по полноќ, на 26 ноември 2020 година, екипата на Итната медицинска помош на Сараевскиот кантон при општина Ново Сараево изврши успешно породување и донесе живо и здраво машко бебе на овој свет – објави Брзата помош.
Испраќаме искрени честитки до среќните родители и големо „БРАВО“ до нашите професионалци – стои во описот на фотографиите на Фејсбук.
Инаку и бебето и мајката се во добра здравствена состојба.