Бременост

ПЕЈАЧКАТА ВО ПЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА СИТНО БРОИ ДО ПОРОДУВАЊЕТО: Го покажа трудничкиот стомак- Вака скока по цел ден!

Шупут со нетрпение го очекува своето прво бебе...

Хрватската пејачка Маја Шупут ситно брои до доаѓање на бебето.

Таа вели дека собата за бебето е подготвена, и дека торбата за мајчинство е спакувана, па сега само се чека моментот кога новиот член ќе дојде во семејството.

Пејачката која постојано на својот Инстаграм профил ги известува фановите за новостите околу бременоста, сега го сними својот труднички стомак при што се гледа како бебето се движи.

„И така, тој скока цел ден“, напиша пејачот.

Шупут неодамна откри дека сака на својот син да му даде странско име и дека го намалила изборот на три имиња.

– Напредуваме. Јас го намалив изборот на име на само три. Ги запишав во мојот дневник и ги заклучив за никој да не ми ги прочита. Трите имиња се одлични. И нека останат. Кога тој ќе се роди, едно од тие три ќе одберам во моментот – рече таа.

Инаку Маја токму со нејзината изјава за името на бебето предизвика бура од негативни коментари.

фото инстаграм

– Странско име. Не е ни тајна. Едноставно не ме интересираат домашните. Ништо не оди со Шупут, но сè оди со Татаринов, така што ќе дадеме некое моќно име со ова презиме. А не кога ќе отидеме некаде и мојот сопруг ќе каже дека се вика „Ненад“. Прашуваат па зошто? Толку убав човек со такво име. Мислам дека со името го обележуваш детето, и затоа мора да се внимава, кога си тинејџер на училиште децата може да те малтретираат, и сега не е како порано. Сега децата се поинакви, тие се борат. Замислете да му дадете име на детето кое ќе го доведе во неволја, така што целиот живот ќе ми вели: „Дали мораше?“ – објаснува Маја.

Таа во интервју за Магазин Ин неодамна истакна дека, бременоста не ја промени многу: не е поспана, енергична е и се чувствува добро.

– Не знам кој е вистинскиот израз. Сè уште не ми се спие постојано. Јас сè уште се будам во пет наутро и го чекам земјотресот. Едноставно, за разлика од другите, не можам да пијам ништо за да се смирам – истакнува пејачката.

Таа откри дека била убедена дека ќе ја добие својата „мини-верзија“ и дека се изненадила кога дознала дека носи момче.

– Ми требаа три дена да сфатам во главата дека ќе морам да купувам багери, пиштоли, камиони затоа што толку многу луѓе околу мене ме уверуваа дека тоа ќе биде мини Маја – вели таа и додава дека и нејзиниот сопруг се надевал на ќерка.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Да потсетиме, Маја неодамна истакна и дека ова е прва бременост, но и последна затоа што веќе e во петтата деценија од животот…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close