Брак

„Откако се оженив сфатив дека мојата сопруга и нејзиниот брат имаат некој посебен однос“

На моменти дури помислував дека...

Дури откако се оженив сфатив дека мојата сопруга и нејзиниот роден брат имаат некаков посебен, чуден однос.

И да бидам искрен, да го знаев тоа пред да се земеме добро би размислил дали да се оженам за таква жена. Тие дневно ќе се слушнат и по 10 пати, речиси да нема викенд кога тој нема да дојде кај нас, опседнати се еден со друг. И што најмногу ме иритира е тоа што нему му посветува многу поголемо внимание отколку на мене. И не го забележува тоа.

Понекогаш дури си помислувам дека можеби го прават и „она нешто“ кога се толку многу блиски…

Пред неколку дена заминавме на море во Бугарија, и погодете кој беше со нас?! Па, да, секако дека без нејзиниот брат не можеме ни на одмор да заминеме, па јас од првиот ден се чувствував безвезе.

Па така вчера додека лежев на плажата, во еден момент заспав бидејќи претходната ноќ не спиев добро.

Но кога ги отворив очите следуваше шок за мене!

Братот на својата сопствена сестра и го мачкаше грбот со крема за сончање. Таа лежи со откопчан горен дел од костимот за капење, а нејзиниот брат седи на нејзините нозе и ја мачка со кремата.

Не знам што да правам, затоа денес и не заминав на плажа.

Тие појдоа сами, а јас еве седам во апартманот и размислувам за целата ситуација и не знам што треба да направам.

Извор: Исповест.ком

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close