БебеБременост

Оваа МАМА се породи во авион за време на летот, БЕБЕТО доби необичен ПОДАРОК

На пилотот му било кажано дека бремената жена има болка

За време на минатонеделниот лет од Лондон до Каиро, Хија Наср Наџи Даабан од Јемен се породи. Таа се наоѓала во авион на „Египет ер“, а бебето се родило кога биле во воздухот над Германија.

На пилотот му било кажано дека бремената жена има болка, па тие започнале да го слетуваат авионот на аеродромот во Минхен, но бебето побрзало.

Ова уникатно искуство му овозможи на детето доживотни бесплатни летови со авионите на EgyptAir, тие објавија на Твитер со фотографија од бебето.Не е прв пат новороденче да добие таков подарок. EgyptAir го обезбеди истиот подарок во 2017 година на момче родено за време на летот.

Во јуни, девојчето се роди за време на летот со авион на Емирати, а нејзините родители ја нарекоа Скај.

Жени, помолете се со оваа молитва за да имате лесен и добар пораѓај.

О, Преславна Мајко Божја, помилуј ме мене, Твојата слугинка, и дојди ми на помош за време на моите болести и опасности, со кои раѓаат деца сите кутри ќерќи на Ева. Спомни си, Благословена меѓу жените, со каква радост и љубов

Ти иташе да ја посетиш својата роднина Елисавета за време на нејзината бременост и какво чудно дејство се случи од Твојата благодатна посета и кај мајката и кај бебето во утробата. И по Твоето неисцрпно милосрдие дај ми и мене, на Твојата смирена слугинка, да имам лесен и добар пораѓај; дај ми ја оваа благодат, та детето што сега лежи под моето срце, кога ќе ја почувствува, со радосно играње, слично на светото бебе Јован, да Му се поклони на Божествениот Господ Спасител, Кој од љубов кон нас грешните, не се згнасил да стане и Самиот Бебе.

Неискажливата радост што го исполнила Твоето девствено срце при гледањето на новородениот Твој Син и Господ, да ја заслади маката, која ме очекува во породилните болки. Животот на светот, мојот Спасител, Кој се роди од Тебе, да ме спаси од прерано заминување, која го прекинува животот на многу мајки во часот кога се пораѓаат и да го приброи плодот на мојата утроба кон бројот на Божјите избраници.

Слушни ја, Пресвета Небесна Царице, мојата смирена молба и погледни на мене, бедната грешничка со окото на Твојата благодат; не посрамувај ја мојата надеж на Твоето големо милосрдие и осени ме, Помошничке на христијаните,

Исцелителко на болестите, да се удостојам и јас да доживеам на себе, дека Ти си Мајка на милосрдието, и секогаш да ја прославувам Твојата благодат, која никогаш не ги отфрла молитвите на измачените и која ги избавува сите кои Тебе Те повикуваат во време на маки и болести.Амин.

Можноста за ултразвучни грешки при одредување на полот на бебето во модерното време е речиси невозможно, но сепак се јавуваат. Тоа го доживеа Ненси Реј, мајка на три деца.

Ненси ги сподели деталите за третата бременост на нејзиниот профил на Инстаграм, веселејќи се на доаѓањето на третото дете како „трета принцеза на тато”.

Размислувајќи дека очекувала трета девојка, Ненси отиде на пораѓај, и таму го доживеа најголемото изненадување во нејзиниот живот.

Имено, моќната фотографија на раѓањето на трето бебе ја овековечи фотографката Лорен Џоли која го фати вистинскиот момент кога Нанси сфати дека не родила ќерка туку син! На нејзиното лице додека го гушка бебето се гледа насмевка, но водено и радост и шок.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close