Бременост

Нема да верувате колку пари дава Луна Џогани за редовните прегледи во бременоста: Ги откри сите детали, а еве каде ќе се породи

Плаќа 3.000 евра за прегледи...

Луна Џогани- Миљковиќ неодамна во јавноста откри дека е бремена со второ дете.

фото инстаграм/Луна Џогани

Таа сега интензивно се подготвува за доаѓање на другото дете во нивниот дом. Како што и самата често истакнуваше за време на првата бременост со ќерката Миа, била неподготвена за се што доаѓа, но сега решила се да организира однапред.

фото инстаграм/Луна Џогани

Како што пренесуваат медиумите, бременоста ќе се ја води во приватна клиника, кај доктор кој во текот на првата бременост бил задолжен да се погрижи се да помине во најдобар ред, но ќе се породи на Гинеколошко-акушерската клиника „Народни фронт“.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Луна е презадоволна од третманот кој го имала во првата бременост, па решила да не го менува својот гинеколог. Иако прегледите во приватната клиника не се ни најмалку евтини, таа не е премногу загрижена, бидејќи го сака само најдоброто за своето бебе. Во првата бременост потрошила 3.000 евра за прегледи, крвна слика, брисеви и ултразвучни прегледи, па така ќе биде и овој пат – вели извор кој открива каде ќе се породи госпоѓа Миљковиќ.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Иако бременоста ја води во приватна клиника, таа ќе се породи во државна болница. Има голема доверба во лекарите кои работат таму, а веќе изразила желба по породувањето да биде сместена во еднокреветен апартман – вели изворот и додава дека Марко се грижи за својата сопруга уште повеќе отколку за време на првата бременост.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Луна овој пат е многу поопуштена. Таа носи торби од продавница, ја држи ќерка си со часови, ја чисти куќата и се труди. Ова многу му пречи на Марко, кој ја предупредува и ја спречува да се изложи на ризик. Се уште не поминале четири месеци кога фетусот станува посилен, па во моментов фокусот е на тоа Луна да ја одржи бременоста и се да оди добро – заклучува изворот за Ало.

фото инстаграм/Луна Џогани

Џогани пред неколку дена откри дека ќе се породи во јуни и тоа можеби на истиот датум кога ја роди и ќерката.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Господ одлучи да останам бремена, не планирав, се случи. Терминот е во јуни, тогаш ја родив и Миа. Па, како да сум планирала, но навистина не. Имам чувство дека ќе родам момче. Ќерката повеќе се врзува за татко и и личи на него, би сакала сега да биде момче и да биде син на мајка – изјавила таа.

фото инстаграм/Луна Џогани

Инаку Луна Џогани победничката на „Задруга“и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ, откако ја завршија кариерата на реалити ѕвезди, се фатија за работа и станаа Јутјубери.

фото инстаграм/Луна Џогани

Оваа двојка е омилена на многумина, а тоа може да се забележи од секојдневните коментари под видеата кои ги објавуваат, каде нивните фанови ги опсипуваат со пофални зборови.

фото инстаграм/Луна Џогани

Тие имаат два канали на популарната мрежа и заработуваат многу пари од прегледи и коментари.
Овој месец го започнаа проектот Сиктерманија, во чии рамки ќе објавуваат 31 снимка, секој ден во месецот.

фото инстаграм/Луна Џогани

Второто по ред е видео во кое Луна одговара на лексиконски прашања а на самиот почеток на видеото таа ги изненади нивните многубројни следбеници.

фото инстаграм/Луна Џогани

-Марко нема да го гледате, бидејќи повеќе не сака да се снима. Едноставно реши да се откаже, не му оди. Вели дека не се слика добро, нема да биде на Сиктерманија па отсега ќе ме гледате само мене и Миа – изјави Џогани а ова ги шокираше нивните фанови кои се навикнати да ги гледаат заедно.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Се шегувам, не треба да го правиме тоа, да секираме луѓе, да добијат напади – кратко додаде таа, и се појави Марко .

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close