Бременост

Оскаровката Хилари Свонк на 49 години ќе роди близнаци: Актерката пресреќна сподели фотографија од бременото стомаче- ситно брои до породувањето

Хлари Свонк со нетрпение чека да стане мајка...

Оскаровката Хилари Свонк иако е во петтата деценија од животот со нетрпение го чека раѓањето на своите близначиња.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Оваа позната актерка објави фотографии на Инстаграм на кои се гледа трудничкиот стомак.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Се чини дека актерката е повеќе од задоволна од бременоста, изгледа многу убаво, а фигурата ја одржува во теретана.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Во октомври минатата година актерката објави дека е бремена, но сепак не го споделила полот со јавноста.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Свонк очекува близнаци со претприемачот Филип Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година по две години врска, а зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Оскаровката ги воодушеви сите кога во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.

фото инстаграм/Хилари Свонк

“Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна за тоа, пренесува „Pagesix“.
„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Актерката не откри дали ќе има деца со помош на сурогат мајка или самата е во блажена состојба, а со години јавно зборуваше дека посакува да стане мајка. Таа истакна дека сака деца и дека мајчинството и е многу важно.

фото инстаграм/Хилари Свонк

“Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјавила актерката во една прилика за венчавката со Филип.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Меѓу нејзините први улоги се издвојува онаа во серијата „Беверли Хилс“ од 1997 година, во која ја играше самохраната мајка Карли Рејнолдс.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Таа е третата најмлада оскаровка во историјата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close