Бременост
Можно ли е вака да изгледа само две недели по породувањето? Ана Кораќ ги воодушеви фановите со новата фотографија
Велат дека сега е уште поубава...
Откако со своите следбеници ја сподели веста дека е бремена, Ана Кораќ реши да се повлече од јавноста и да води мирен живот.
– Да се биде во благословена состојба е најубавото нешто што една жена може да го почувствува! Наскоро ќе станам мајка и едвај чекам да го држам син ми во раце. Мојот живот целосно се промени. Посветена сум на семејството, и се е подготвено за доаѓањето на бебето – изјави тогаш Кораќ.
Таа го врати својот профил на Инстаграм пред само неколку дена.
Јавноста со нетрпение очекуваше да ја види убавата старлета, особено сега откако е новопечена мајка, да каже неколку зборови за нејзините идни планови како и приватниот живот, а изгледот на Ана Кораќ не можеше а да не биде тема на разговор.
Благодарение на социјалните мрежи на кои повторно е активна, нејзините фанови имаа можност повторно да ја видат па појавувањето на Ана Кораќ по породувањето предизвика лавина од коментари.
Имено, познатата старлета ги остави без здив следбениците со својот изглед и совршената линија, а многумина коментираат дека мајчинството ја направило уште поубава.
– Откако стана мајка си уште поубава, Прекрасно изгледаш Анчи, Дали оваа жена воопшто се породила? Грмиш – се дел од коментарите.
За потсетување, откако дозна дека Ана Кораќ е во блажена состојба, реши да се повлече од јавноста и да ги помине трудничките денови во мир опкружена со семејството и пријателите.
Неколку месеци подоцна, Ана ги воодушеви своите фанови со објава на која во преден план беше нејзиниот труднички стомак.
Не помина долго време, а старлетата на свет донесе здраво момче чие име се уште е тајна.
Породувањето помина добро, а Ана Кораќ, судејќи по фотографиите изгледа подобро од било кога.