Бебе
МАЛИОТ ШАРМЕР КОЈ ГИ ОСВОИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Момче со Даунов синдром позира за модни светски брендови!
Емет Лоури позира за светски брендови и на само една година стана хит во светот!
Малиот Емет Лоури кој има само една година веќе ги освои срцата на многумина.
Имено тој е дете со Даунов Синдром кој со своето позирање стана вистински хит на социјалните мрежи.
Неговата мајка 29, годишната Сара која работи како медицинска сестра, истакна дека на почетокот на бременоста кога дознала дека носи бебе со попреченост стравувала за тоа како другите ќе го прифатат нејзиниот син.
Таа и нејзиниот сопруг Далас (30) првично биле загрижени каков би бил животот на Емет, но за тоа како тие би се снашле во улогата на родители на дете со Даунов Синдром, но тој е пресреќно и секогаш насмеано дете.
„Уште кога дознав за дијагнозата во 13-та недела од бременоста, бев загрижена за тоа како ќе изгледа Емет и како другите ќе го гледаат, бидејќи е со Даунов Синдром. Не сакав да го гледаат со сожалување затоа што е роден со пречки во развојот, вели Сара.
Емет Лоури од Калифорнија денеска е вистински хит на Инстаграм и позира за познатите детски модни брендови GAP Kids и DokATot и Tenth & Pine.
Веднаш штом откри дека носи дете дека Дауновиот синдром Сара започнала да пишува блог за него и вели дека смета дека популарноста на Емет ќе придонесе за подобро прифаќање на децата со Даунов синдром.
Сара открива и како дошло до соработката со овие брендови.
– Го фотографирав за семеен албум, и во еден пост на Инстаграм, каде често споделувам фотографии го означив #Gap Kids затоа што Емет носеше облека од тој бренд. Ме контактираа од ГАП и ме прашаа дали можат да го објават и на нивната веб-страница, а бидејќи имаат над милион следбеници, нивните следбеници брзо почнаа да ме додаваат и мене рече таа.
Наскоро момчето добило повеќе од две илјади следбеници и пријатно се изненадила што нејзиниот син бил толку прифатен на Интернет.
„На почетокот, само сакав да имам страница каде ќе можам да ги објавувам нашите семејни фотографии и блог за да можам да пишувам на таа тема, и да дадам поддршка на сите оние кои имаат дете со Даунов Синдром, но денес Емет стана и модел на светски познатите брендови и сум пресреќна поради тоа.
Во продолжение уште неколку преслатки фотографии од овој мал шармер…