Бебе
Кога бебето е болно, мајчиното млеко произведува и антитела
Mајчиното млеко е најверојатно најсупериорната храна на светот
Почнувајќи од начинот на којшто се приспособува на потребите на детето, па се до своите имунолошки моќи, мајчиното млеко е најверојатно најсупериорната храна на светот.
Неверојатно е што телото на мајката е во состојба да произведе една толку магична супстанца, која за нејзиното бебе е многу повеќе од обична храна. Тоа е и доказ за природната вродена мајчинска интуиција за нејзиното дете.
Токму тоа што нејзиното тело работи така што го произведува токму она што му е потребно на детето, тоа е најверојатно најмоќниот процес што го создала природата:
Мајчиното млеко се адаптира и на полот на бебето
Истражувањата покажале дека млекото на една иста мајка се разликува и се менува во однос на тоа дали дои машко или женско бебе. Поточно, млекото коешто го произведува мајката додека дои девојче е помалку масно и помалку богато со протеини, отколку она за машките бебиња.
Друго што е многу интересно е што тоа адаптирање на млекото во однос на полот на бебето зависи и од културата. На пример, во Кенија мајката произведува поквалитетно млеко за девојчињата. Најверојатно затоа што девојчињата можат да ја подобрат финансиската ситуација на фамилијата, доколку се омажат добро.
Составот на мајчиното млеко се менува како што расте бебето
Ова може да ви го потврди секоја мајка која некогаш доела. Првите денови млекото не е исто како она кое се создава после еден до два месеци.
Според истражувањата, маснотијата и енергијата којашто се содржи во млекото на мајката на едногодишник е многу поголема од маснотијата и калориските вредности на млекото на истата мајка кога го доела своето мало бебе.
Кога бебето е болно, мајчиното млеко произведува и антитела
Кога сме болни, бројот на леукоцити расте како резултат на реакцијата на имунолошкиот систем. Ако бебето што цица е болно, тогаш и млекото на мајката ќе има зголемен број на леукоцити.
Дури и ако силно верувате дека најважно е сè е само да е бебето сито, сепак недвосмислено е дека мајчиното млеко е супериорно во однос на кој било друг вид на храна којашто ќе му ја дадете на вашето дете.
Се верува дека преку устата на бебето се пренесува информација на брадавиците на мајката дека на бебето му е потребна помош и така се лачат повеќе антитела за да се борат со болеста.
Доењето го намалува ризикот од одредени болести
Истражувањата покажале дека доените деца растат со помали шанси да заболат од астма или да имаат проблем со алергии. Дополнително, најновите студии покажуваат дека човечките протеини коишто се наоѓаат во мајчиното млеко можат да помогнат во борбата против ракот.
Мајчиното млеко е посебно дизајнирано за нашите паметни бебиња
Иако сите цицачи произведуваат олигосахариди во своето млеко, сепак луѓето се супер производители на олигосахариди и тоа преку 200 видови. Неверојатно е што нашите бебиња не можат да сварат толку многу шеќери.
Но, иако бебињата не можат да ги сварат сите тие прости шеќери, сепак нивното присуство во млекото ја зголемува продуктивноста на системот за варење, што потоа им помага на бебињата да ги сварат протеините и останатите енергетски состојки многу поефикасно.
Мајчиното млеко за време на вечерното доење се менува за да му го подобри сонот на бебето