Бременост

ИМАМ БИПОЛАРНО РАСТРОЈСТВО! Гоца Тржан искрено за борбата за потомство- по пет неуспешни ин витра повеќе не може да издржи!

Пејачката искрено проговори за проблемите...

Пејачката Гоца Тржан последниве години водеше голема борба за потомство.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Таа и нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ- Раша долги години се обидуваат да добијат заедничко дете преку ин витро оплодување но за жал не им се исполни најголемата желба.

фото инстаграм/ гоца тржан

Таа сега призна колку лошо се чувствувала за време на процесот.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Тржан истакна дека за жал се откажала од борбата за потомство. Пејачката се обидела пет пати и поради низа лоши здравствени состојби што ги доживувала повеќе не можела да издржи:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Борбата за потомство звучи благородно, но всушност е борба, напорна работа и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум – откри Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Веќе не е здраво и нема да одам на ИВФ. Тоа е голем стрес за организмот. Многу луѓе имаат проблеми со природното зачнување. Мразам кога за темава се пишува патетично. Не ми треба никој да ме сожалува. Верувајте дека сите тие луѓе се сериозни херои – изјави Гоца во една емисија.

фото инстаграм/ гоца тржан

Пејачката, која минатата година беше подложена на ин витро оплодување, по што доби негативен резултат, неодамна проговори за бракот со сопругот Раша и за нивната врска во тешките периоди и како тие влијаеле на нив:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Немавме критични моменти, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не бевме на работ на развод или целосно отуѓување. Можевме да препознаеме кога нешто не е како што треба, дека не сме тоа што бевме и дека е време да разговараме за да се посветиме еден на друг – изјави неодамна Гоца.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Имам 48 години и тоа би било во доменот на чудата. Ако не се случи, имам свое дете кое треба да го пораснам и да го однесам на прав пат. Има толку многу јавни личности кои го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета ја оставам на некој друг, изјави Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

Разликата во години е и причина за секакви шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Овој хармоничен пар не се одѕива на негативните коментари, а како што тврди пејачката разликата во години не може да им наштети на нивната врска:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close