Бебе
За неа нема граници: “Девојката со крилја” објави видео и покажа како со стапалата го облекува бебето- таа е вистинска инспирација…
Ужива во мајчинството...
Дека за една мајка нема граници кога е во прашање нејзиното дете доказ е сликарката и шампионка во паратаеквондо, Дејана Бачко, позната и како Девојkaтa со крилја.

Таа инаку има хендикеп, родена е без раце а пред неколку дена објави видео на кое со стапалата ја облекува својата новородена ќерка Лара, и со таа глетката трогна илјадници нејзини следбеници на Инстаграм.

Откако стана мајка пред десет дена, Дејана речиси секој ден објавува видеа на кои покажува како се справува со родителството и ја споделува неизмерната среќа со своите следбеници.

Во последното видео од серијалот Дејана покажува како ја менува облеката на бебето – со стапалата, а судејќи по сцената, Девојката со крилја одлично си ја врши работата кога се во прашање обврските околу нејзината ќерка.
View this post on Instagram
Коментарите под објавата беа позитивни: „Капа, доле“, „Храбра жена“, „Само храбро! Браво! Секој што се жали за нешто во животот нека го погледне ова видео“, „Честитки“, се само дел од коментарите под објавата на Дејана.

Инаку, Дејана иако има хендикеп, сосема нормално ги извршува сите секојдневни активности и обврски, а со следбениците на Инстаграм споделува како слика, патува и тренира.

Со оглед на тоа дека е родена без раце, научила да го користи своето тело на поинаков начин во споредба со другите, на пример да држи четка за сликање со прстите на нозете, а неодамна изјави дека мајчинството за неа е само уште еден предизвик за кој е подготвена и е пресреќна поради приновата.

– Јас сум одлично. Тоа е неописливо чувство, навистина, многу ми е мило што станав мајка. Нова улога, голем предизвик. Јас сум многу среќна. Секако, тука е и поддршката од мојот сопруг, а тука ќе биде неговото и моето семејство – изјави храбрата Дејана по породувањето.

– Дејана навистина добро издржа се, како што издржува се друго. Од моја страна јас сум сосема опуштен – додаде нејзиниот сопруг Марко за Радио-телевизија Војводина.

„Сега си мајка со крилја, бебето е преубаво“, „Браво, жива и здрава Лара“, „Честитки“, беа само дел од коментарите по објавата дека Дејана станала мајка.
