Брак

Еве зошто ТЕТКИТЕ се важни во животот на своите внуци

Тетка секогаш слуша и нуди рамо за плачење

И тетките играат важна улога во животот на едно дете…

Кој вели дека само бабите и дедовците се единствените важни личности во животот на едно дете? Тетка исто така игра важна улога, а еве и зошто.

Децата имаат родители кои ги подигнуваат и учат на животните вредности, но тетките практично во многу ситуации ја преземаат улогата на друга мајка. Тие секогаш се таму кога на нивните внуци и внуки им се потребни.

Односот помеѓу децата и нивните тетки е исклучително важен и близок. Кога мајката е уморна, тетка е секогаш таму да се забавува со своето внуче.

Постојат многу причини зошто тетките се важни во животот на нивните внуци, а еве неколку од нив:

Тие многу често сакаат да ги разгалат своите внуци. Без разлика дали сте прво, второ или трето внуче, вашата тетка секогаш ќе ви даде еднакво внимание на секое дете. Тетка секогаш е спремна на изненадувања.

Тетка, исто така, и ги учaт децата. Тие ги учат да бојат, цртаат, да ги кажуваат буквите, да прочитаат книга ….

Тетка е личност со доверба. Кога децата се постари, постојат теми што не сакаат или се плашат да разговараат со своите родители. Затоа честопати ќе се обрати кон тетката која секогаш ќе има добри совети.

Тие се како психолог. Тие секогаш знаат кога внуците се тажни, вознемирени или не се чувствуваат добро. Тетка секогаш слуша и нуди рамо за плачење.

Тетка им помага на децата да ги научат важните вредности.

Кога родителите немаат време, тетката е секогаш таму за да го научи детето за разликата помеѓу доброто и лошото.

Секогаш се подготвени да се грижат за внуците.

Кога родителите работат и им треба доверлив човек за да го причува детето, бабите и дедовците не се единствената опција.

Тетка полесно може да се направи корекција. Понекогаш тетка мора да го поправи лошото однесување кај децата. Имено, децата понекогаш ги прифаќаат такви работи полесно кога доаѓаат од тетката, која секогаш ќе ги насочи суптилно.

Тетката секогаш има време да помогне во домашната работа. Ако детето има потреба од помош за учење или домашна работа, можете да бидете сигурни дека тета никогаш нема да се каже не.

Пет идеи како да станете тетка која внуците ќе ја обожаваат

Децата обожаваат кога возрасните од семејството им пружат внимание.

Децата обожаваат кога возрасните од семејството им пружат внимание. Дури и ако немате свои деца, тоа не значи дека не треба да чувствувате одговорност и кон своите внуци. Погледнете ги овие 10 идеи кои со сигурност ќе ве претворат во најомилена тетка.

Обраќајте им се како на возрасна личност

Децата сакаат кога им се обраќате како кон човечко суштество, а не како нешто мало, со разгален тон на гласот. Тоа што се мали и неискусни не значи дека се неинтелигентни. Затоа, разговарајте со нив како да се рамноправни членови на семејството, затоа што и навистина се тоа.

Покажете им некои „непријатни“ моменти од детството на нивните родители

Смејте се заедно и не срамете се да им ги покажете сите „невкусни“ модни комбинации кои сте ги имале во минатото.

Подарете им „совршени“ подароци

Бидете кул тетка и внимателно слушајте ги желбите и интересите на вашите внуци, па одберете подароци кои се совршени за нив. Без разлика дали станува збор за некоја друштвена игра, книга или слично.

Одведете ги на некој концерт или натпревар

Можеби не сте љубител на спортот, но тоа не значи дека не треба да ги исполните желбите на вашите внуци и да бидете совршен придружник за некој спортски натпревар.

Бидете нивно друштво дури и кога сте во група на возрасни луѓе

Не мора да значи дека ако сте во друштво на возрасни луѓе, вие треба да ги запоставите вашите внуци. Разговарајте со нив и пружете им внимание.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close