Колку пати досега на детето му купивте шарена играчка за која потрошивте значителна сума пари, а нему му беше интересна само пет минути? Многу родители сакаат да ги израдуваат децата, но на крај ќе се разочараат бидејќи на ним амбалажата им е многу поинтересна од самата играчка.
Влогерката Естер Андерсон одлучи да го илустрира овој феномен па снимаше видео во кое ја тестира теоријата за бебињата и нивните играчки.
Нејзината ќерка дури шест пати одлучи да си игра со случајно избран предмет, а ниту еднаш скапата играчка.
Па, бидејќи наскоро следуваат новогодишните и божиќните празници, ова може да ви биде одличен потсетник дека не треба премногу да трошите и да им купувате прескапи играчки на најмалите бидејќи секогаш тие многу повеќе ќе им се радуваат на малите работи.