Брак

Две недели пред породувањето Вељко Ражнатовиќ ја напушти сопругата?

Вељко не сака да се експонира јавно...

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ го чекаат своето дете, синот Крстан кој кљко што соопшти гордата баба треба да дојде на свет на средината на месец април.

фото Фејсбук/Богдана Ражнатовиќ

Но во јавноста сега на големо се шпекулира дека дошло до криза во бракот на наследникот на Цеца и Богдана.

фото Фејсбук/Богдана Ражнатовиќ

Иако боксерот и неговата избраничка не дадоа причина јавноста да се сомнева во идиличната врска што ја имаат, секогаш постоело нешто што на медиумите, па и на јавноста не им давало мир да веруваат во нивната целосна среќа.

фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ

Се пишуваше дека проблемите во бракот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ се појавиле веднаш по преселбата на Богдана кај Љутиче Богдана, поради што парот брзо ги спакувал куферите и се преселил во Тител, каде наследникот на Цеца добил куќа од родителите на неговата сопруга како мираз, која ја  опремил многу луксузно, па дури изградил и базен.

фото принтскрин

Во реалното шоу „Ceca i deca show“ се дозна, дека ништо од напишаното во тие денови не е точно.

фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ

Дека всушност нема никакви проблеми во бракот на Богдана и Вељко, никогаш немало, ниту пак некој од нив негува непријателство кон другите членови на големото семејство, сместено во вила кај стадионот Ѕвезда.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

Причината за одење на имотот на родителите на Богдана всушност била слободата која му недостасувала на наследникот на пејачката последните години.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

Таму Вељко работи на имотот, се грижи за животните, си игра со синот, со еден збор ужива во незаконитоста и чувањето на интимноста која целосно ја изгубил во еден момент. Токму ова беше причината што пред неколку дена реши целосно да ги напушти социјалните мрежи. Тој ги избриша двата профили на Инстаграм, што не е прв пат. Богдана не го направи истото, меѓутоа профилот и е заклучен и многу внимава кого ќе пушти во својот скриен свет.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

За Вељко и неговите активности јавноста ќе дознава само преку профилот на неговата сопруга и сестрата Анастасија, но и од гордата мајка и баба, Цеца која повремено сака да споделува фотографии од синот, внукот и снаата. Останува да видиме дали и таму синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан ќе направи некои ограничувања и колку долго ќе опстојува овојпат во намерата да се држи настрана од сите случувања на интернет.

фото инстаграм/Богдана Ражнатовиќ

Оние кои го познаваат велат дека ова би можело да биде дефинитивно отстапување од социјалните мрежи токму поради начинот на живот кој го преферира, далеку од Белград и очите на јавноста.

фото ПР тим Вељко Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close