Градинка
Видео полно благодарност за бабите и дедовците кои несебично се грижат за своите внучиња
Кога мажите и жените ќе станат родители, тие учат што значи безусловна љубов, но и бесконечна одговорност.
Животот на едно мало човече целосно зависи од нив, а тоа не е воопшто лесно.
За среќа, во сликата најчесто се присутни уште неколку личност кои помагаат кога е најтешко, кои го жртвуваат слободното време за да пружат рака, кои не гледаат во часовникот кога е потребна помош, кои се тука во добро и лошо. Тие личности се бабите и дедовците.
Motherly создаде емотивно видео полно со благодарност до сите баби и дедовци кои се грижат за своите внучиња и кои им помагаат на новите родители кога тоа им е најпотребно:
До најдобрите баби и дедовци на светот:
Не би можеле да го направиме ова без вас.
Вие бевте покрај нас од почетокот.
За раѓањата, прославите, тешките моменти и ноќните излегувања.
Ги споделувате вашите приказни, рецепти и животни лекции.
Го споделувате вашето време.
Ви веруваме како на никој друг.
Никогаш не би можеле да ви се оддолжиме за сè што ни дадовте.
Па, сè што можеме да кажеме е:
Ве цениме, благодарни сме што ве имаме.
Од дното на нашите срца: Ви благодариме.
Не постои друга љубов како онаа на бабите и дедовците.