Бременост

Фановите воодушевени од Хурем– конечно го покажа трудничкиот стомак, изгледа како Божица!

Актерката по шест години повторно е бремена...

37 годишната Мерјем Узерли, или како што многумина ја познаваат Хурем Султан, е бремена со своето второ дете.

фото инстаграм

Прекрасната актерка реши повеќе да не се крие од јавноста, и за моден едиторијал направи низа фотографии, на кои го покажа своето трудничко стомаче.

Актерката е во деветиот месец од бременоста и не ја крие среќата. Изгледа божествено, а многумина останаа без здив кога ја видоа во ова издание .

Во совршен црвен фустан што симболизира победа и нов почеток, таа ја воодушеви милионската публика, а доби и многу позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Таа вели дека ова е најубавото нешто што и се случило во животот, по раѓањето на нејзината прва ќерка Лара.

фото инстаграм

– Се чувствувам благословено што повторно во мојот живот се случува ова чудо,  шест години по раѓањето на Лара. Се молам секој ден сè да биде како што треба и бебето да биде здраво. Навистина е чудо кога во вашето тело расте нов живот. Оваа бременост се разликува од претходната по тоа што бебето е доста активно и постојано ме удира во стомакот – открила убавата актерка во интервју за „Story.hr“.

На снимањето на овој едиторијал и се придружи и нејзината шестгодишна ќерка Лара, која е пресреќна бидејќи наскоро ќе добие сестричка. За време на снимањето, таа цело време го бакнуваше стомакот на нејзината мајка.

– Лара веќе долго време сака брат или сестра и многу сум среќна што нејзината желба наскоро ќе се оствари. На почетокот не и беше лесно затоа што сакаше да остане единица. Таа не сакаше да прифати споделување на мојата љубов со некој друг. Ние и објаснивме дека не станува збор за споделување љубов, туку дека убавината е во љубовта што ја множиме. Сега е многу возбудена и вежба на своите кукли како наскоро да ми помага со бебето – беше искрена бремена Хурем која е мистериозна кога станува збор за таткото на нејзиното дете.

Актерката не сака да го открие таткото на детето!

 

– Би задржала некои работи за себе – рече насмеано и така ги остави обожавателите да продолжат со погодување на името на таткото на нејзиното бебе.

Нејзиниот приватен живот е подеднакво интересен како и деловниот, но Мерјем вешто одлучува што ќе подели со своите бројни фанови.

Од Турција се врати во родниот Берлин, каде живее заедно со својата шестгодишна ќерка Лара.

Фановите се прашуваат кој е таткото на бебето, но популарната актерка реши тоа да го задржи за себе.

фото инстаграм

Таа во интервјуто за „Стори“ откри дека е во врска и дека моментално се чувствува среќна и благословена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, Мерјем својата прва ќерка ја чуваше како самохрана мајка бидејќи нејзиниот поранешен 17 години постар партнер ја остави откако дозна дека е бремена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но и покрај тоа што ја тераше да се реши од бебето, Хурем одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и сама да се грижи за својата ќерка.

фото инстаграм

И очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно.

– Кога се преселив во Истанбул, постојано слушав една песна „Ако паднеш, стануваш- се уште не си умрел“. Паѓаме, стануваме и одиме понатаму, вели актерката која ја запознавме благодарение на улогата на Хурем.

„Паѓаме, стануваме, и одиме понатаму“ некако се кај неа не се одвиваше по тоа сценарио. Беше ѕвезда на успешен проект потоа проектите и се нижеа еден по друг, со многу предизвици и поеднакво интересен беше и нејзиниот приватен живот.

Уште неколку фотки од прекрасната актерка…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close