Брак

Тешкиот развод остава трајни последици врз здравјето на детето!

Родителите мора да останат во добри односи...

Резултатите покажаа дека децата на разведени родители кои не зборуваат едни со други имаат трипати поголем ризик да се разболат и во младоста и во зрелоста

Foto USA Today

Разводот на  родителите не само што предизвикува страдање во детството, туку и морбидитет во подоцнежниот живот, покажува една нова студија.

Научниците дошле до ова откритие со намерно инфицирање на 200 здрави возрасни лица со вирус на настинка (од кои 51 пораснале само со еден родител, а родителите не разговарале едни со други). Потоа ги ставиле испитаниците во карантин шест дена и чекале да видат кој од нив ќе се разболи.

Резултатите покажаа дека децата на разведени родители кои не зборуваат едни со други имаат трипати поголем ризик да се разболат и во младоста и во зрелоста.

 

Од друга страна, кога разведените родители се во пристојна врска, ризикот да се разболат не е поголем отколку кај децата од успешни бракови.

„Ова значи дека само да се биде одделен од едниот родител не го зголемува ризикот, туку тоа го предизвикува лошиот развод“, вели Мајкл Марфи од Универзитетот Карнеги Мелон.

Нема идеален развод, но секако многу зависи од тоа колку е стресно за детето.

Научниците се согласуваат дека добрата комуникација и соработка помеѓу разведени родители е клучна за децата да го поминат овој тежок период со што помалку последици.

 

За жал, во некои случаи тоа не е можно, особено кога во средината има семејно насилство. Заклучокот е дека во иднина треба да се посвети поголемо внимание на испитувањето на последиците од разводот и начините за намалување на ризикот по здравјето на децата.

Постои голема разлика помеѓу разведениот маж и жена!

 

Ката Мијииќ, самохрана мајка, пред извесно време отворено прозборе за разводот и ги посочи разликите помеѓу разведена жена и разведен маж.

 

Во случај на развод, во повеќето случаи децата припаѓаат на мајката. Тоа воопшто не е мала обврска. Сите оние што се развеле, и се борат со тоа, знаат за што зборувам, бидејќи јас самата го поминав тоа. Жената мора да биде сè, таа мора да биде на сто места во исто време. Таа постојано е преоптоварена со нејзините обврски, и е во вечната борба со времето. Ако е доволно среќна да и помогне нејзиното семејство, таа е една од ретките среќнички.

 

Разведената жена е таа што станува пред зори, и си легнува долго по полноќ. Ако е среќна децата да не ја будат, ќе отспие неколку часа. Разведен жена и мајка е борец, бидејќи тоа мора да биде. Нема кој да се бори за неа. Мора да биде силна, дури и кога го лекува своето рането срце и гордоста. Таа ќе го прегрне своето дете, но неа нема кој.

Таа е проклета сама, но не им дава на таквите мисли да ја опседнат, бидејќи нема време за нив, но нема ни за себе.

 

Плаче во самотија, скршена од животот и обврските. Но, таа мора сама понатаму…

 

Бидејќи ако најде некој што може да го излекува нејзиното рането срце и да и ја поврати довербата во љубовта, осудата од околината ќе биде ужасна. Сета вина за развод ќе биде врз неа, без разлика колку време поминало од него. Таа е таа која треба да го задржи семејството во целина по секоја цена, а не да го уништи. Кој мисли за неа? Никој? Со сета таа борба со секојдневниот живот, постои и бонус, борбата со поранешниот. Тој не заборава, во повеќето случаи, не заборава дека треба повторно да ја понижи.

 

Bedroom

Но, затоа тој заборава да ја плати алиментацијата и онака е минимална, а тој се однесува како нејзе да и дава цело богатство, а не на своите деца. Често заборава, или нема време да ги земе децата кога треба.

Тој е слободен човек, поштеден од сите обврски, освен што повремено ги гледа децата и треба да плаќа алиментација. Околината е секогаш на негова страна. Ако најде нова љубов, се разбира, тој го заслужува тоа по „онаа” што му го загорчи животот.

 

Да се биде разделен, или разведена, е товар, но да се биде родител е одговорност што треба да ја преземе секој.

Затоа, драги мои, биди пример на оние на кои сте им дале живот, затоа што децата ги имитираат своите родителите,завршува Ката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close