Бебе

Кетрин Зета-Џонс никогаш нема да ги заборави Оскарите во 2003 година: Еве што направи со стомакот до забите!

Во таа прилика, таа откри интересен детали од Оскарите во 2003 година

Во видеото кое го направи за Вог, Кетрин Зета-Џонс (50) се потсети на нејзините изданија од 1987 година до денес, и филмовите што ги правеше во тоа време. Сепак, во нејзиното најубаво сеќавање е доделувањето на најпознатите филмски награди, на кои таа настапи само десет дена пред да ја роди ќерка си Керис.

Во таа прилика, таа откри интересен детали од Оскарите во 2003 година. Како што рече, цело време се подготвувала за настапот со кралицата Латифа, затоа што на церемонијата на доделување пееле песна од мјузиклот Чикаго, за што на актерката и беше доделена златна статуа.

Пред да излезат на сцената, актерката сфатила дека има само десет дена од породувањето.Сеќавајќи се на тој настап, како и кранот што ги кренал заедно со Латифа на сцената, Кетрин рече:

„Се сеќавам дека поминавме низ таа врата и како кран нè крена на сцената, сфатив дека датумот на достасување ми беше за десет дена, и јас стојам таму на тој кран чекајќи да се крене“.

Говорејќи за фустанот што го носеше за Оскарите, Кетрин додаде:

„Водена од целата среќа да бидам бремена, но исто така и номинирана за Оскар, Донатела ме натера да го носма тој совршен фустан  и можев да седнам без никакви проблеми за време на долгата церемонија. Најдоброто од се беше дека и јас однесов дома „златно момче“ (Оскар).

17-годишната ќерка на Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, Карис Зета Даглас, присуствуваше на забава организирана од списанието „Town & Country“ и сите заедно позираа на овој настан.

Ова списание секоја година избира 50 успешни млади дами кои ги нарекува „модерни лебеди“.

Фотографиите говорат за тоа колку Карис наликува на нејзината мајка кога била во тинејџерските години.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close