Бебе
Изработува кукли кои имаат дури и извод на родени, изгледаат толку реално што се мopбидни!
Има работилница каде изработува супер реалистични кукли наречени „Reborn Babies“...
Цели 13 години Ана Паула Гимараеш од Бразил изработува кукли кои наликуваат на вистински бебиња.
Поради овој необичен талент Ана ги освои социјалните мрежи, па на Инстаграм има 70.000 следбеници, додека на Јутјуб на нејзината работа и се восхитуваат 121.000 луѓе.
Таа ужива во нејзината работа која за некои пак е и језива, бидејќи куклите многу потсетуваат на вистинско бебе поради сите детали на кои Ана особено внимава.
Младата Ана има работилница каде изработува супер реалистични кукли наречени „Reborn Babies“.
Направени се толку многу детали, што бебињата буквално изгледаат живи, па покрај титулата супер верни кукли, добија и морничава нота поради таквиот изглед.
Праксата покажа дека овие кукли најчесто ги купуваат возрасните, а за една изработка се потребни седум дена. Нивната цена е 1.300 американски долари.
Ана ги прави овие кукли 13 години, а открива дека многу од нив се купени за да се користат за снимање и серии.
Секоја кукла содржи детали како што се нокти, трепки, вени, брчки и дамки на телото, што уште повеќе придонесува за реалистичен изглед.
Овие кукли може да се купат и облекуваат, па еден од најпродаваните модели на кукла доаѓа со: тренерка, боди, три пелени за еднократна употреба, две цуцли, две дијадеми, машна, шише, комплет за нега на коса, парфем, играчка, прирачник за нега, извод на родени, отпечаток, книшка за вакцинација и потврда за автентичност.
Таа организира и онлајн курс за изработка на кукли.