Бебе

ВИДЕО КОЕ ШОkИРАШЕ МНОГУМИНА: Го турна бебето во вода и гледаше! Некои ја осудуваат за овој гест, но многу родители и плаќаат!

Видеото кое стана вирален хит

Денес, многумина беа шокирани и згрозени откако на социјалната мрежа Тик Ток го видоа ова видео.

Имено на видеото може да се забележи како, инструкторка по пливање како во базен турка едногодишно девојче со цел да го научи да плива.

Видеото покажува како детето вреска и плаче во водата, но инструкторката истакна дека тоа докажува дека вештините за преживување функционираат.

Овој видео клип сега стана вирален, а инструкторката Шенон и самата го сподели на Тик Ток.

Во видеото може да се види како таа и мало дете стојат покрај базен, детето е облечено во пелена, јакничка и чевли. Таа вели дека токму тоа е целта за да симулира реална ситуација за тоа што може да носи детето ако падне во случајно.

 

Жената го турка малото дете и тоа паѓа во базенот, и почнува да се обидува да се движи на грбот, врескајќи и плачејќи силно. Тешко е да се гледа, но сепак Шенон вели дека видеото е доказ дека нејзините методи на преживување функционираат.

„Плачење = дишење“, напиша таа на видеото.

Што ако никогаш повеќе не го слушнете вашето дете како плаче затоа што не сте го подготвиле со часови за пливање и опстанок во вода?, пишува Шенон.

Многумина го осудија ваквиот начин учење на детето да плива, но некои пак и се согласија со методите на Шенон.

“Татко ми ми го направи ова (пред педесет години). Јас сум многу добар пливач цел живот”, гласи еден од коментарите.

Уште еден корисник на Тик Ток се согласи со методите на Шенон велејќи дека ова многу ќе ги научи децата и за животот. “Ова е она на што училиштата треба да ги учат децата, за животот наместо да ги кодираат. Потонете или пливајте”.

Секако има и такви кои не се согласуваат со овие методи:  „Јас би помислил дека ваквиот метод ќе го спречи детето да влезе во вода за цел живот“, пишува друг корисник.

„Научете ги вашите бебиња како да пливаат на правилен начин, без психолошко оштетување и траума од користењето на оваа екстремна техника“, напиша една загрижена личност.

Што всушност се часовите за пливање и вештини за преживување?

Додека некои часови за пливање може да се фокусираат на тоа децата да се чувствуваат удобно во вода, часовите за пливање и за преживување имаат за цел да им дадат на децата  вештини за да се одржат на површина и да можат да дишат во какви било ситуации. Иако тие продолжуваат да бидат контроверзни во нивните методи, имало случаи кои покажуваат дека овие лекции спасиле животи.

Оваа техника најчесто ја користат инструкторите за пливање во Соединетите Американски Држави, подучувајќи ги децата уште од мали на техниките за преживување.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close