Кафе муабет

Голем cкандал во светот на шоубизнисот – познатиот пар се разведува, фановите РАЗОЧАРАНИ!

Огромна караница го донесе бракот на овој пар до самиот крај

Огромен број на шпекулации се појавија во јавноста дека нешто се случува во домот на една од најголемите ѕвезди на американскиот фудбал Том Брејди и неговата сопруга Жизел Бундхен. Гласините се шират во изминатите неколку недели дека парот веќе живее одвоено и ги има ангажирано своите адвокати за развод.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Жизел Бундхен

Наводно на сето ова претходела огромна расправија, која како што многумина шпекулираат е поврзана со одлуката на Том Брејди да не се пензионира, додека пак други велат дека одлуката нема никаква врска со неговата кариера во НФЛ фудбалот.

Брејди пропушти 11 дена од тренинзите во пред сезоната со неговиот тим Тампа Беј Буканерс, за кои на својот подкаст наведува дека се од лични причини, а Бундхен наводно поминува време со своите деца, живеејќи одвоено од Брејди.

ФОТО: Принтскрин/Том Брејди

Парот се венча во 2009 година.

-Никогаш не помислив дека оваа голема кавга ќе ги доведе до овде, но сепак изгледа дека ова е крајот. И двајцата имаат ангажирано адвокати и веќе се разгледува на кој начин ќе се подели заедничкиот имот и финансиите -изјавил анонимен извор, пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен

Нивните деца Бенџамин Реин и Вивиан Лејк, како и Џон Едвард, синот на Брејди со неговата поранешна партнерка Бриџит Монјахан, присуствуваа на неговиот прв домашен натпревар оваа сезона во Тампа, кој се играше помеѓу Тампа Беј Буканерс и Грин Беј , но без неговата сопруга супермоделот Бундхен, која на Твитер ја објави својата поддршка.

Правните експерти шпекулираат дека Брејди(45) и Бундхен(42), ќе го поднесат барањето за развод во Флорида, каде во последниот период беа во најголем дел од времето откако се иселија од Бостон во кој поминаа една деценија.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен

Неодамна двојката купи дом од 17 милиони долари на островот Индијан Крик во Мајами, област наречена „Бункер на милијардери“.

Кондо во луксузна зграда во Њујорк Сити во вредност од 3,6 милиони долари исто така е во сопственост на парот, како и имот од 5,7 милиони долари во ексклузивниот клуб Јелоустоун на Мајк Мелдман во Монтана.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен

Имотот кој наводно најмногу го сака Бундхен е викендицата на парот на полуостровот Никоја во Костарика, каде семејството најчесто ги поминало своите годишни одмори.

Личната нето вредност на Брејди порасна од 180 милиони на 250 милиони долари во однос на минатата година, откако склучи голем број доходовни договори со големи брендови како Андер Армор, Сем Адамс и Таг Хауер.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен

Се верува дека личното богатство на Бундхен е во истиот опсег како она на Брејди, ако не и поголемо. Таа продолжи да има огромни примања уште од нејзините денови како модел на Викторија Сикрет, кој таа реши да не го продолжи во 2007 ма година, но беше заштитно лице на други брендови како Ипанема, Ејпл, Андер Армор и многу други.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен

Во профилот на октомврискиот број на Елле, Бундхен одби да ги коментира гласините за нивната разделба, но го кажа своето мислење во однос на кариерата на Брејди во американскиот фудбал: прво, дека тоа е спорт кој носи опасност и во овој случај и таа самата е засегната од таа опасност; второ дека не е во ред што медиумите постојано шпекулираат дека таа нон стоп прави притисок на Брејди за да замине во пензија;трето, дека таа само сака тој да поминува повеќе време со децата и за крај дека е дојдено ред да малку се посвети на нејзе самата а таа има многу работи кои сака да ги работи.

ФОТО: Принтскрин/Том Брејди по натпреварот со Далас Каубојс

Том Брејди се смета за најдобар кводербег во Американската Национална Фудбалска Лига. Во извлекувањето во 2000 та година беше извлечен од страна на Њу Енгланд Патриотс и веќе наредната година Брејди го донесе овој тим до освојување на Супер Бол. Откако го надмина рекордот на 20 години игра со франшиза, тој потпиша договор со Тампа Беј Буканерс во Март, 2020 година вреден 50 милиони долари.

Брејди е играч кој има одиграно најголем број на Супер Бол натпревари а разлика од било кој друг играч во лигата и има освоено 7 прстени за најдобар играч, што го прави играч со најголем број на освоени прстени.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен со ќерката Вивиен

Жизел Бундхен е Бразилски модел. Од 2001 година, таа е еден од најплатените модели во светот. Во 2007 ма година Бундхен беше 16та најбогата жена во светот во модната индустрија , додека во 2012 година се најде на високо место на листата на Форбс, за модели кои најмногу заработуваат.

ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен и Том Брејди на улиците во Сен Тропе
ФОТО: Принтскрин/Инстагран Жизел Бундхен
ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен и Том Брејди
ФОТО: Принтскрин/Жизел Бундхен и Том Брејди
ФОТО: Принтскрин/Том Брејди со синот Џек
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Том Брејди, синот на Том/Џек Брејди
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Том Брејди со синот Џек Брејди
ФОТО: Принтскрин/Том и Џек Брејди
ФОТО: Принтскрин/Том и Џек Брејди
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Том Брејди

Извор: Дејли Меил, Гламур

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close