Кафе муабет

,,САМ СИ ЈА ПОТПИША СУДБИНАТА’’ – Пејачката Сани Гроздановска беше невеста по трет пат

По трет пат се омажи пејачката Сани Гроздановска...

Таа важи за една од нашите најпознати и најангажирани фолк пејачки.

Сани Гроздановска неодамна  повторно се сврши по само еден месец врска, а зад себе веќе има два брака.

Во интервју за Фокус пејачката ги откри деталите за оваа голема животна промена.

,,-Имаше доста пишувања и шпекулации периодов, вистината е дека се омажив во Швајцарија. Мојот избраник Никола Урдаревиќ е по потекло од Македонија, сега ја средуваме потребната документација и заедно со ќерките заминуваме кај него. Децата ми се многу среќни, го прифатија Никола’’- вели Сани, за која ова е трет брак.

,,Јас сум од оние луѓе, кои и покрај се, веруваат во љубов. Нема да дозволам поради лошото минато, да не ми блеска иднината! Кога е мојата професија во прашање, од Никола имам огромна поддршка. Но, решив да направам мала пауза од настапи кога ќе пристигнам во Швајцарија. Потребен ми е одмор од се, а потоа продолжувам со засилено темпо” – вели таа за Фокус.

Никола има три деца на возраст од шест, 16 и 18 години. Сега сите заедно ќе живееме, значи заедно ќе се грижиме за пет деца. Тоа воопшто не не плаши, напротив, се радуваме, бидејќи и двајцата многу сакаме деца, сакаме полна куќа – раскажа Сани.

Сани е присутна на естрадата долги години.

Доста млада стапи во брак, доби ќерка, се разведе, потоа се омажи по вторпат па доби уште една ќерка.

Пред неколку дена пејачката беше невеста по третпат. Имено, таа се венчаше со Никола Урдаревиќ, менаџер на хотели од Македонија кој живее во Швајцарија.

За свечената прослава Сани избра бел сако-фустан со пердуви, а Никола носеше сив костум.

Романтичната прослава ја направија во хотел на Алпите, каде што работи Никола.

На една од фотографиите кои ги објави на нејзиниот Инстаграм профил, Сани напиша ,,си ја потпиша судбината”.

Невестата Сани пееше за гостите кои освен од Швајцарија ги имаше и од Македоннија.

Среќно!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close