Кафе муабет

МАКЕДОНСКИОТ ПЕЈАЧ ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА ЗА САКАНАТА, живее кај сопругата, а сега имаат и ќеркичка

Се' за љубов...

Македонскиот пејач Александар Белов, чие учество во музичкото шоу „Операција триумф“ сите го паметиме, се посврсто чекори на музичката сцена и ниже хитови и успеси.

     Фото:Фејсбук/Александар Белов

Во „Операција триум“ беше главен фаворит на публиката на сите 13 гала вечери, но на крајот сепак заврши на третото место.Но, тука не запре се. Продолжи напорно да работи на својата кариера.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија и настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

Изминатиов период поради љубовта кон својата Јелена Станковиќ, економистка од Крагуевац, тој го напушти својот стан во Скопје, и се пресели во Србија, не заборавајќи ја при тоа и неговата публика во Македонија и своето Неготино.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

Нивната свадбена веселба се случи во салата на ресторанот на елитниот хотел „Женева Лукс“ во Крагуевац, градот од каде потекнува и Јелена.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

По неколку години брак, на Јелена и Александар им се случи она што го посакува секој пар.

Имено, на 14 јануари 2022 година Јелена на свет ја донесе нивната прва ќерка, Мина.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

„По 8-9 години живеење во Скопје, таа далечина беше мал непријател во нашата врска а тоа најдобро го знаат тие кои се, или биле во врска на далечина. Веќе извесен период имам два дома, едниот ми е во моето Неготино, а вториот ми е во Крагуевац, но како тргнало автопатот Е-75 ми е оној вистинскиот (се шегувам). Скопје морам да признаам дека ми недостига и еден куп драги луѓе кои се таму, но секогаш наоѓам време да дојдам и впрочем ништо не е далеку, денес за неколку часа можеш да стигнеш насекаде. Така да таа далечина која постоеше сега е сведена на минимум, затоа што се трудиме да секое слободно време го користиме да сме заедно“, кажа Белов за „Женски магазин“.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

За Белов очигледно важи онаа изрека- се за љубов, па тој поради саканата ја напушти Македонија и живeе во Србија.

 Фото:Фејсбук/Александар Белов

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close