Кафе муабет

ГЛАМУРОЗНА ПРОМОЦИЈА НА НАЈНОВАТА КНИГА ПОЕЗИЈА – Од познатата велешка поетеса Десанка Николова

Промоција на стихозбирката "Бесконечно: Анатомија на страста" од Десанка Николова

 

Вчера во Велес – градот на Рацин, во Локалната библиотека ,,Гоце Делчев’’во Велес пред многубројните присутни беше промовирана најновата збирка со стихови проткаени со многу емоции, искрени чувства, парче душа и голема љубов од познатата велешка поетеса Десанка Николова.

         Фото/Викторија Петровска

‘’Бесконечно:Анатомија на страста’’ од Десанка Николова е парче душа, седмо дело на авторката и уште еден подарок од неа за вистинските љубители на убавиот пишан збор.

Фото/Викторија Петровска

Промоцијата ја отвори Директорката на библиотеката Снежана Бошевска искажувајќи задоволство што полиците на Библиотеката ќе бидат побогати за уште едно значајно роднокрајно дело.

Фото/Викторија Петровска

Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Збор“ се обрати со осврт кон творештвото на авторката.За содржината на поезијата говореше професорката Анита  Станинова Мирчева а децата од МДПС„Премиера“  со убав перформанс го доловија вистинското значење на стиховите. Беа придружувани од професорот Илија Настовски со соодветна музичка позадина.

Фото/Викторија Петровска

,,Луѓе мои ви благодарам за честа, за вниманието и поддршката која ми ја дадовте.

Фото/Викторија Петровска

Наша обврска и должност е да го негуваме она што како аманет во своите тестаменти ни го оставија и Блаже Конески и Кочо Рацин да твориме на нашиот најубав македонски јазик оти само така ќе го зачуваме. Ние како генерација не смееме да го изневериме тој аманет’’, напиша авторката на Фејсбук.

Фото/Викторија Петровска

Десанка Николова е родена и живее во Велес. Таа е дипломиран професор по македонски јазик и книжевност. Работи во Министерството за култура во секторот Издавачка дејност.

Автор е на повеќе стихозбирки – поезија.

Добитник е на многу државни и меѓународни награди за поезија и убав пишан збор!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close