MAMA

Мажите навистина не го слушаат ноќниот плач на бебето, или глумат?

Жените имаат развиен инстинкт поради кој силно реагираат на плачот на бебето.

Многу исцрпени мајки се сомневале дали нивните партнери се преправаат дека спијат додека нивното дете плаче во средина на ноќта. Меѓутоа, најновото истражување покажува дека мажите навистина цврсто спијат.

Звуците кои ги испушта бебето мажите не ги слушаат, но затоа ги слушаат автомобилските звуци, звуците на ветерот и досадните муви. Истражувачите ја мериле активноста на потсвеста во текот на спиењето кај мажите и жените, а откриено било дека постои значајна разлика помеѓу половите.

Жените имаат развиен мајчински инсктинкт, поради кој силно реагираат на детскиот плач, дури и ако самите тие не се мајки. Откриено е дека жените по прекинувањето на сонот, потешко заспуваат повторно, за разлика од мажите.

„Ништо не ги прави луѓето толку депримирани, како прекинатиот сон, посебно кога тоа се случува повеќе ноќи по ред. Затоа, жените кои имаат мали бебиња може навистина да бидат во лоша состојба, што не може да се рече за нивните сопрузи“, појаснува психологот Дејвид Луис.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close