Кафе муабет

ЛУНА ЏОГАНИ ПОЗИРАШЕ ВО ПРОВОКАТИВНО ИЗДАНИЕ: Во преден план трудничкото стомаче- изгледа неверојатно!

Пејачката ужива во бременоста...

Заљубениот пар Марко Миjковиќ и Луна Џогани го очекуваат своето прво дете, кое ќе биде девојче а на јавноста и открија и дека ќе и го дадат името Миа.

Луна не крие дека ужива во бременоста а многумина и забележаа дека таа е навистина прекрасна, згодна трудница на која и годи бременоста.

Таа често поставува фотографии на својот Инстаграм профил, а сега сподели и едно селфи од лифтот, со кое воодушеви многумина.

Џогани позираше во лифтот, а таа беше облечена во палто и тесен фустан, од кој бремениот стомак наѕираше, и беше во прв план.

Инаку Луна Џогани неодамна прослави две години љубов со својот вереник Марко Миљковиќ, а тие двајца не ја кријат среќата.

Нејзиниот татко Гаги Џогани откри кога неговата наследничка треба да се породи.

– Размислувам каков дедо ќе бидам, колку ќе го засакам внучето, каква љубов ќе биде таа. Секој ден ми се мота тоа по глава. Велат дека чувството е преубаво. На Луна терминот за породување е 15.јуни и едвај чекам, раскажал танчерот.

Фото Инстаграм

– Се чувствува кај Луна таа мајчинска енергија, мила е, фокусинрана е на семејството, на мене. Лебди.

Се е убаво, убави работи ни се случуваат, нема веќе негативни теми, се е ведро и позитивно. Нема негативни, лоши мисли или нерасположение, вели тој за Свет.рс.

Инаку Луна на почетокот на бременоста имаше кратка коса, а пред изведно време реши да ја надогради и стана русокоса, а со фотографијата на која го држи трудничкото стомаче, што јасно се гледа, ги воодушеви своите обожаватели.

– Луна се врати. Помина потешкиот период од бременоста, гадење, замор и тоа е веќе минато – не ми е гајле како изгледам! Сега влегувам во 5-тиот месец како старата Луна. Руса и долга коса… тоа сум јас. Се чувствувам како да сум во мојата кожа! напиша тогаш Џогани.

Луна додаде и дека не се здебелила за време на бременоста.

-И нека се знае, не се здебелив, носам широка лабава облека, па изгледам огромно. Јас сум згодна трудница напиша Луна во описот на најновата фотографија која ја сподели на Инстаграм.

Има ли пластики на неа?

Луна Џогани привлече големо внимание со учеството во реалното шоу Задруга, кога стана љубовница на оженетиот пејач Слобо Радановиќ пред милиони гледачи.

Фото Инстаграм

Нејзината трансформација од пубертет до сега е неверојатна, порасна во многу убава девојка, па скоро и да нема сличност со малата Луна.

Само пред неколку години, Луна имаше природна боја на коса, шишки и многумина не ја препознаваа, па можеме да кажеме дека пубертетот не и годеше баш.

Фото Инстаграм

Фановите го следат секој чекор на пејачката која секојдневно споделува како ги поминува своите денови во бременоста.

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close