Школо

Повторно лоши вести – ќе ги затворат кафулињата и пабовите за да ги отворат школите?!

Ситуацијата со вирусот повторно се влошува

Професорот Грам Медли пред неколку недели за БиБиСи изјави дека може да биде потребен „компромис“, бидејќи отворањето училишта се смета за „приоритет“ кој е многу важен за доброто на децата.

Пабовите и „другите активности“ во Англија можеби ќе треба да се затворат за да се отворат училишта следниот месец, изјави научникот кој ја советува владата за прашањето за пандемијата на коронавирусот, пишува неодамна Би-Би-Си.

Професорот Грам Медли за БиБиСи изјави дека може да биде потребен „компромис“, бидејќи отворањето училишта се смета за „приоритет“ за доброто на децата. Запрашан дали се потребни ограничувања за други активности за да се отворат училиштата, Медли, шеф на поткомитетот за управување со пандемии на Научно-советодавната група за итни ситуации, за радиото БиБиСи изјави дека „смета дека ова е сосема можно“ сценарио.

„Мислам дека сме во ситуација кога повеќето луѓе мислат дека отворањето училишта е приоритет за здравјето и благосостојбата на децата и кога ќе го сториме тоа, повторно ќе поврземе многу домаќинства“, рече тој.

„Всушност, затворањето на некои други места, некои други активности може да бидат неопходни за да можеме да ги отвориме училишта“, додаде тој.

Медли рече дека тоа може да се сведе на прашање на приоритети.

„Дали мислиме дека пабовите се повредни од училиштата?“, прашува тој.

Дали короната се враќа во Велика Британија?

Инаку пред само неколку дена во Велика Британија беа регистрирани 1.940 нови случаи на заразени со вирусот корона, што е најголема бројка од 30 мај, соопштија здравствените власти на оваа земја. За поголемиот дел од август, бројот на новоинфицирани лица растел за околу 1.000 на дневна основа, но се зголемил во последните неколку денови, пренесува Ројтерс.

Капацитетот за тестирање исто така се зголеми откако е забележан врв на првиот бран на почетокот на оваа година.

Според Worldometers, повеќе од 347.000 луѓе биле заразени со вирусот корона во Велика Британија, додека повеќе од 41.551 го изгубиле животот.

Во неделата пак британските медиуми изјавија дека во последните 24 часа биле регистрирани уште 2.988 нови заразени лица. Вирусната корона инфекција досега е потврдена кај повеќе од 347 000 луѓе во Велика Британија. Како и во другите европски земји, бројот на заразени во Велика Британија расте поради ублажување или укинување на вонредните мерки воведени поради пандемијата.

Објаснување за зголемувањето на бројот на потврдени случаи може да се бара делумно и во зголеменото тестирање.

Бројот на приеми во болница и трагчни случаи од вирусот корона не го следи растот на бројот на нови инфекции.

Како резултат на инфекцијата досега во Британија животот го изгубиле 41.551 лице со што оваа бројка е најголема во цела Европа.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close