Кафе муабет

Анастасија и Гудељ споделија најубави вести: Честитки пристигнуваат од сите страни- Цеца пресреќна

Прославија прва годишнина...

На 30 март минатата година Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја започнаа својата љубовна романса а вчера тие ја прославија и својата прва годишнина.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија Ражнатовиќ во јануари минатата година ја раскина долгогодишната врска со новосадскиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ а после тоа не ни помислуваше дека може да и се случи љубов.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сепак, не долго по раскинувањето на емотивната врска, среќата ѝ се насмевна кога најмалку очекуваше па сега пејачката е посреќна од било кога а за тоа говори и нејзината насмевка на фотографиите кои ги споделува.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Таа на 30 март 2022 година започна романса со српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ. Иако младата пејачка првично немаше големи очекувања од врската со фудбалерот, со оглед на тоа што живеат во две различни земји и се занимаваат со работи за кои е потребно многу време сепак времето покажа дека за вистинската љубов не постојат граници.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Во текот на оваа година колку што се во љубовна врска Анастасија и Гудељ успешно ги надминаа сите пречки, а ги имаше доста.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што шпекулираат српските медиуми, наследничката на Цеца е во лоши односи со женскиот дел од семејството на Немања, но тоа не ги спречува да уживаат во хармонична врска.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Вчера беше посебен ден за нив, првата годишнина од емотивната врска ја прославија во топлата Севиља.

фото принтскрин/Инстаграм

Како што е познато, Анастасија пред неколку месеци ги спакува куферите и се пресели кај својот избраник, а во Белград доаѓа кога тоа го налагаат семејството и работните обврски.

фото принтскрин/Инстаграм

Ќерката на Цеца никогаш не криела колку е вљубена, а сега сподели фотографии од прославата на годишнината, но и неверојатно убави букети кои ги добила од својот сакан со порака:

фото принтскрин/Инстаграм

– Среќна прва годишнина, бубо – напиша Гудељ на честитката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close